Пристигнува кралското бебе (пренос од пред болницата во Лондон)
- Детали
- понеделник, 22 јули 2013
По најновите вести, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон започнала да се пораѓа во болницата “Сент Мери” во Лондон. Претставник на британското кралско семејство објавил дека Кејт допатувала со автомобил, во друштво со војводата од Кембриџ.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт сè уште не го знаат полот на детето, кое ќе биде трето по ред за наследството на британската круна.
BBC пренесува дека освен овие првични информации, најверојатно нема да има објавено никакви новости, додека детето не се роди.
Принцот Вилијам заради проширување на семејството ќе добие едно годишно отсуство од својата позиција во кралството.
Следете го доаѓањето на кралското бебе во живо од пред болницата: