Северина продаваше сладолед на Кнез Михајлова
- Детали
- вторник, 11 јуни 2013
Граѓаните на Белгард кои вчера се шетаа по познатата улица „Кнез Михајлова“ имаа единствена можност да си купат сладолед од Северина.
Познатата балканска, поп ѕвезда – Северина, вчера попладне замаскирана со очила за сонце, стоеше покрај фрижидерот на „Фриком“ и им нудеше на минувачите да се разладат со еден сладолед.
Многумина не ја ни препознаа, бидејќи воопшто не ја очекуваа на такво место, па си заминуваа откако ќе си го добиеја сладоледот. Но, за кратко се разгласи дека таа продава сладолед во центарот на градот, па се насобра толпа обожаватели кои вадеа пари и купуваа.
Северина умешно ги служеше и од време – навреме си ја пребројуваше заработувачката.
Инаку ова нејзино појавување во улога на продавачка е дел од кампањата на „Фриком“ за која таа неодамна сними реклама.