Ријана од глава до пети во Шанел
- Детали
- четврток, 06 јуни 2013
Не е тајна дека светските модни куќи ги опсипуваат славните дами со подароци чија вредност достигнува и до десетици илјади долари.
Кога зборуваме за славата, Ријана моментално зазема врвно место во моменталните топ 5 најпознати и најуспешни жени во светот и не треба да не чуди што високите модни дизајнери ја држат како капка вода на дланка.
РиРи моментално се наоѓа на турнеја во чиј склоп го посети Париз, па оваа млада пејачка ја искористила приликата да се пофали со многубројните подароци кои стигнале на нејзина адреса токму од брендот на Шанел.
Пејачката помеѓу другите нешта добила и Шанел лего чанта во силна жолта нијанса, чија цена изнесува ни помалку ни повеќе - точно 9000 долари.