Бремената Ким сама се „средила“ во Фотошоп
- Детали
- петок, 31 мај 2013
Се чини дека и покрај тоа Ким Кардашијан сака да остави впечаток дека не ја допираат коментарите околу нејзиниот изглед за време на бременоста, сепак тешко се носи со тоа какви последици ќе остави бременоста на нејзиното тело .
Преоптоварена е со тоа што поскоро да се врати во форма и загрижена е за секој килограм кој го добива. Ни сега кога е во поодмината бременост таа не можела да седи мирна, па си направила нова фотка со својот телефон, се разбира во тоалетот!
Но, пред да ја прикачи фотографијата на социјалните мрежи, старлетата „малку“ ја поправила во фотошоп.
Очигледно е дека си го намалила обемот на струкот, а го зголемила нејзиниот заштитен знак – задникот.
Оваа постапка е премногу дури и за старлета.
Откако се појави оваа фотографија во многу светски медиуми, имаше реакција од нејзините обожавтели и фанови кои ја следат на Инстаграм дека всушност фотошопираната фотка е само невкусна шега на некои завидливи луѓе и дека самата Ким никогаш не би го сторила тоа.
Ние не знаеме со сигурност која е вистината, но во прилог ви ја нудиме и оигиналната фотографија која во моментов е единствената која е поставена на нејзиниот Инстаграм профил.