10 добро чувани тајни на Ријана
- Детали
- вторник, 14 мај 2013
Бидејќи Ријана е најпознатата и најпопуларната млада пејачка на денешницата, може да останете зачудени како успеала да ги сочува овие 10 тајни сè до ден денес.
1. Нејзината “Unfaithful” е базирана на љубовната врска која ја имала на само 14 години, која не била физичка, но била неверојатно силна.
2. Ријана имала улога во филмот “Bring It On: All or Nothing”. Иако одлично се снашла, сепак подобро и оди пеењето.
3. Има дадено милиони долари за да ги осигура своите нозе кои, како што кажува, се нејзиниот најјак адут.
4. Нејзини омилени пејачки се Бијонсе, Мараја Кери, Алиша Кис и Витни Хјустон.
5. Во времето кога ја зпочнуваше кариерата, кружеа гласини дека таа е во врска со Џеј-Зи кој уште тогаш беше во врска со Бијонсе.
6. Забрането е внесување на чадори за дожд на нејзините концерти. Таа е исплашена дека може публиката меѓусебно да се повреди доколку почне да ја изведува нејзината кореографија на песната “Umbrella”.
7. Во февруари 2008 година, Барбадос и посвети национален празник на Ријана. Таа им се заблагодари така што одржа бесплатен концерт за сите тамошни нејзини фанови.
8. Ријана признава дека не сака мексичка, кинеска, јапонска и индиска храна. Всушност, таа не сака зеленчук, па затоа нејзината исхрана се базира најчесто на овошје.
9. Учествувала во хуманитарната акција “Fashion Against AIDS” чија цел била со помош на модата да ја подигне свеста на младите за користење заштита за време на сексуалниот однос.
10. За својот дечко Мет Кемп изјавила: “Тој претставува мир и хармонија во мојот инаку хаотичен живот.”