Сораја без силикони
- Детали
- петок, 19 април 2013
Атрактивната станарка на куќата на „Големиот брат” - Сораја, секојдневно привлекува внимание со своите облини. Но, тоа не било така отсекогаш.Пред само шест години оваа старлета го имала природниот изглед и изгледала сосема нормално. “Playboy” зајачицата на својот Фејсбук профил, поставила неколку фотки на кои има руса коса и значително понормално деколте.
Сораја на фотографиите има 19 години и нема силиконски гради, ниту пак усни. Нејзините Фејсбук пријатели го пфалиле нејзиниот природен изглед, на што таа одговорила:
„Е, сега не претерувајте! Лесно е да ме препознаете. Разликата од тогаш до сега е само во бојата на коса и тоа што имам природни усни... “ и додала дека тоа е период од нејзиниот живот кога се чувствувала најубавo.
Да се потсетиме колку е таа иста од тогаш до сега: три операции на нос, операција на гради и на усни.