Бијонсе денес стигнува во Белград со Блу Ајви
- Детали
- петок, 12 април 2013
Подготовките за настапот на Бијонсе во Белград се при крај. Таа со својата екипа денес ќе пристигне во Белград, а викендов ќе има финални подготовки за спектаклот Mrs. Carter Show, со кој ќе ја започне светската турнеја.
Пејачката ќе слета во Белград со ќерката Блу Ајви, а во Србија ќе купува бебешка опрема што ќе ја користи за време на својата турнеја. Фирмата Baby Bell ќе испорача креветче кое РНБ дивата го одбра за својата ќеркичка.
Бијонсе ќе го напушти Белград во вторник попладне, од каде ќе се упати кон Загреб, каде има концерт на 17ти април.
Бината, озвучувањето и осветлувањето ќе го поставуваат преку 100 луѓе, а 27 шлепери веќе се на своите места.
Пејачката ќе ја следи бенд од 8 музичари, 8 танчерки и 2 танчери и 3 пратечки вокали.
Инаку, сè уште се шпекулира дека Бијонсе ќе пее на плејбек.