Koja e Јелена Ристиќ - поубавата половина на Новак Ѓоковиќ?
- Детали
- недела, 07 април 2013
Таа е една од убавиците кои често ги гледаме во публиката на тениските терени. Јелена е веќе 6 години во врска со Новак Ѓоковиќ.
Се запознаваат во средно училиште, затоа што и таа имала афинитети кон спортот. Нејзината мајка Вера Ристиќ вели дека тоа било љубов на прв поглед и дека тенисот е главната причина за нивното зближување. Сепак, таа своето образование го насочува во областа на економијата и финансиите на престижниот универзитет Бокони во Милано, каде во моментов работи на својот докторат.
„Навикната е на се. Јелена знае каква е мојата работа. Таа е изградена личност, магистeр по економија. Сега го подготвува докторатот, има своја работа и нејзината несебична поддршка многу ми значи.” - изјавува Новак за својата љубов.
Јелена била со Новак кога тој бил никој и ништо, кога го бодрела да игра тенис во празен базен по цел ден затоа што премногу се плашел да игра надвор во моментите кога НАТО ја бомбардира Србија.
Јелена е најголемата поддршка на Новак, мирна, стабилна и паметна личност, со која тој дефинитивно сака да го помине својот живот.
Уште неколку интересни факти:
Јелена била Мис Универзум во 2006-та годинаСе работи за гласини произлезени после изјава дадена на шега од Ноле.- Веќе има склучено договор со Тамоил каде ќе ја продолжи својата кариера
- Течно зборува 17 јазици
- Сака свадба во Монако