Разоткриени: манекенките јадат хартиени марамчиња за да останат слаби
- Детали
- четврток, 04 април 2013
За оние кои се прашуваат како моделите остануваат супер слаби, поранешниот уредник на австралискиот Вог напиша книга во која ја откри малата тајна на сите модели.
Кристи Клементс минатиот мај доби отказ по 25 години работи во Вог, а потоа ја напиша книгата во која откри дека манекенките меѓу другото јадат хартиени марамчиња за да се заситат, а често пати и завршувале и на инфузија од толку што се слаби што едвај ги држеле своите очи отворени.
Исто така ја објаснува разликата помеѓу “слаб” и “париски слаб” во модниот свет.
Авторката на оваа контроверзна книга објаснува како поминала цели три дена снимање со манекенка која ништо не јадела и едвај се одржувала на нозе.
Напуштањето на Вог на Клементс било изненадно. Повикана била на состанок и наредено и е веднаш да ја напушти канцеларијата без можност да се збогува со своите колеги.