10 секс симболи од времето на Југославија
- Детали
- вторник, 05 февруари 2013
Заради нив филмовите се прегледуваа по неколку пати, нивните фотографии беа објавувани во секакви списанија, а за нив воздивнувале сите Југословени.
Тие беа секс бомби за своето време, а многумина носталгично и ден денес се сеќаваат на овие жени кои своевремено биле симбол на сексапил и харизма.
Погледнете како изгледаат и што прават денес, по три децении откако го достигнале врвот во кариерата.
1. Ана Сашо (50) – Ана ја понесе титулата на најубава Југословенка уште во далечната 1982 година, а една година по изборот за мис, сними спот по кој речиси секој ја дефинираше како секс-симбол.
2. Беба Лончар (70) – Една од најпрочуените убавици во Југославија и најуспешна актерка надвор од нејзините граници. Сега таа е во пензија и живее мирен, здрав живот.
3. Сузана Манчич (58) – Можеби најпознатата лото девојка која станала секс симбол за многу кратко време. Напишала автобиографска книга во која раскажува за интимните секс снимки кои речиси и го уништиле животот.
4. Савина Гершак (50) – Словенска актерка која носела многубројни епитети: секс икона, прекрасна плавуша, најубава Југословенка, жена од која на сите им запирал здивот. Денес живее во Рим и работи како психолог и психотерапевт.
5. Оливера Катарина (73) – Актерка која се проби уште во 1967та година и пејачка по која сите лудуваа низ целиот свет.
6. Неда Арнериќ (60) – Станува збор за легендарната убавица која се проби со сцена во филмот “Ко то тамо пева”. Денес е сопственик на многу уметнички галерии, бидејќи е дипломиран уметник.
7. Мира Фурлан (58) – Веројатно најголемиот секс симбол во југословенската кинематографија. Оваа Загрепчанка уште пред 20 години се преселила во Америка, од каде ја продолжи својата кариера.
8. Лепа Брена (52) – Сиромашна девојка од провинција која успеала да стане Лепа Брена – синоним за најуспешна пејачка во регионов и успешна деловна жена, една од најмоќните во Србија.
9. Дијана Бечирчевиќ (50) – Позната манекенка и актерка, дипломирала на 3 факултети, била во врска со возач на Формула, рокери, глумци... А веќе неколку години ужива во Лос Анџелес.
10. Бернарда Марвот (51) – Уште една Словенка која ги оставала Југословените без здив. Таа ја носела титулата мис Југославија во 1983та година. Денес живее на релација Словенија – Италија, како успешна деловна жена.