Сестра му на Цукерберг се жали на приватноста на Фејсбук
- Детали
- четврток, 27 декември 2012
Ренди Цукерберг, поранешен маркетинг директор на Фејсбук и сестра на основачот на оваа социјална мрежа, се жали на приватноста токму од неодамнешното искуство.
Сликата која Ренди ја закачила на Фејсбук, само неколку часа подоцна се нашла препратена на Твитер. Таа не била многу среќна што нејзината приватна фотографија завршила во јавноста, препратена од сосема трето лице.
Откако Ренди директно се обрати на девојката која ја препратила нејзината фотографија, по што добила смирено објаснување дека едноставно таа се нашла помеѓу нејзините новости, па затоа ја препратила.
Ренди се помирила со тоа, но се оправдала дека станува навистина нервозна кога нејзината приватност ќе се најде некаде низ најновите вести.
Ваков беше текот на настанот на Twitter: