Ники Минаж ја пцуе Мараја Кери (видео)
- Детали
- четврток, 04 октомври 2012
Ники Минаж е фатена на лента како се расправа со другата судијка од American Idol Мараја Кери само неколку недели откако започна нивната улога во натпреварот во пеење.
Изгледа дека расправијата помеѓу нив двете се загрева.
Иако тие ги отфрлија гласините за нивните расправии на сетот, видеото објавено од TMZ.com ја покажува бесната Минаж како ја пцуе поп-дивата. Минаж вели: “Им реков: Јас нема да се справувам со нејзиното ебено височество што седи таму.”
Додека другите судии Кит Урбан и Ренди Џексон видливо се обидуваат да останат надвор од расправијата, се слуша Кери како извикува “Зошто?” одново и одново. Кери дури напиша и на Твитер “Зоштооооооооооооооо”, но потоа постот беше тргнат.
Четворката во моментов се наоѓа во Шарлот, Северна Каролина, за вториот круг на аудиции и се уште имаат уште неколку градови на распоредот пред да се вратат во Лос Анџелес за Холивудската недела.
Во прилог видеото од расправијата: