Првото интервју на Кејти Холмс по разводот

prvoto-intervju-na-kejti-holms-po-razvodot

Кејти Холмс го даде првото интервју по нејзиниот развод со Том Круз, кој беше насекаде низ медиумите.

Холмс, можеби разбирливо, не беше целосно отворена книга во интервјуто за Woman’s Wear Daily - поголемиот дел од интервјуто е сконцентрирано на нејзиното деби на овогодинешната Модна недела, и повеќето лични прашања биле игнорирани,но се уште има одговори кои сугерираат дека 33-годишната ѕвезда добро се справува со тешкото искушение.

Зборувајќи за тоа како се справува со постојаните притисоци од новинарите, актерката изјави: “Имам многу чувства во врска со новинарите. Има многу луѓе со многу поголеми проблеми и кои се помалку среќни. Се обидувам да го задржам сето тоа во перспектива”.

Холмс, исто така за WWD изјави дека секој ден се обидува да направи нешто без “страв од неуспех”, бидејќи “кој се грижи“? Барем сте се обиделе. Обично луѓетокои не се обиделе се со негативно размислување”.

Очигледно Холмс успева да остане со главата горе.

Холмс ќе го има нејзиното модно деби на Модната недела во среда, на 12 септември, кога таа и стилистот Жан Јанг ќе ја лансираат новата пролет/лето колекција под нивната заедничка етикета Холмс и Јанг (Holmes & Yang). Очекувајте многу камери да бидат насочени како кон г-ца Холмс така и кон облеката.

Во меѓувреме, актерката е назначена за првото славно заштитно лице од А-листата на козметичката компанија Боби Браун (Bobbi Brown), со која потпиша договор вреден до 3 милиони долари, кој ако им се верува на претходните извештаи, е еквивалентно на вредноста на една година брак со Том Круз.

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Ќерката на Том Круз прослави матура: Блеска во уникатна креација, партнерот потсетува на татко ѝ (фо... Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс прослави матура со своите соученици - избра фу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg