Викторија Бекам - фантастична во своја креација
- Детали
- вторник, 10 јули 2012
Вообичаено таа е првата која ги носи и промовира своите креации, меѓутоа овој пат не и пречеше да се појави со веќе позната креација низ Лондон. 38-годишната Викторија носеше тесен фустан во боја на мандарина, кој е дел од нејзината колекција пролет\лето 2012 година.
Таа вели дека секој дизајн е по нејзина желба и вкус, што овој пат се виде дека е погодок. Нејзината фигура изгледа фантастично во овој фустан до колена, препознатлив по нејзините патенти на задниот дел.
Токму овој фустан е веќе виден на добро познатите Џенифер Лопез и Аби Крауч.
Исто така, покрај во оваа нијанса, Викторија се појави во истата креација на спортски настан како придружничка на својот Дејвид, меѓутоа во крем верзија.