Синот на Роберт де Ниро во средно училиште се изјаснил како хомосексуален маж, а сега како трансродова жена
- Детали
- среда, 30 април 2025
Арон се изјаснил како хомосексуален маж во средно училиште, но сега, на 29 години, истапи како трансродова жена со името Ајрин де Ниро. Ајрин е едно од 7-те деца на Роберт де Ниро (81), кој најмалото дете го доби на 79 години.
Ајрин де Ниро (29) е родена како машко и го носела името Арон.
Арон е едно од седумте деца на Роберт де Ниро, додека, пак, нејзината мајка, актерката и модел Туки Смит, ги има само Арон и нејзиниот брат близнак Џулијан со 81-годишниот добитник на Оскар.
Арон некогаш и сега
Де Ниро, пак, седмото дете Џиа го доби во април 2023 со неговата сегашна партнерка Тифани Чен.
Сега, Ајрин де Ниро јавно се изјасни како трансродова жена и сподели детали за својата транзиција.
Таа започнала со хормонска терапија во ноември 2024 година и истакна дека влијанието на силните црномурни жени, како и улогата на Хали Бери во филмот „The Little Mermaid“, имале значајна улога во нејзината одлука да ја прифати својата вистинска родова определба.
Во интервју за магазинот „Them“, Ајрин сподели дека, иако нејзиното семејство ја прифатило нејзината сексуална ориентација кога се изјаснила како хомосексуален маж во средно училиште, сепак сега чувствувала страв дека ќе продолжат да ја гледаат како личноста што била пред транзицијата.
Таа исто така зборуваше за предизвиците со кои се соочувала во врска со телесната слика и идентитетот, чувствувајќи се дека не се вклопува во традиционалните стандарди за убавина и општествените очекувања.
Сега, Ајрин се стреми да биде инспирација за други маргинализирани поединци.
„Постои разлика помеѓу тоа да бидеш видлив и да бидеш навистина виден.
Бев видлива, но не чувствувам дека навистина сум била видена...“
На тема нејзините привилегии како дете на Роберт де Ниро таа вели:
„Не сум добивала улоги во филмовите на татко ми и не сум одела на премиери. Татко ми многу инсистираше секој од нас да си го пронајде својот сопствен пат… Би сакала успехот да го постигнам врз основа на моите лични заслуги.
Секако, ниту еден родител не е совршен, но сум благодарна што и двајцата мои родители се согласија да ме држат настрана од јавниот живот“, изјави таа за Роберт и Смит.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





