Вознемирувачко видео од Кејт Мос ги загрижи фановите: „Дали се врати на старите пороци?“
- Детали
- четврток, 27 март 2025
Мавта со главата, се тресе и се однесува бизарно во првиот ред на Модната недела во Париз... Кејт Мос изгледа се врати на пороците и лудиот начин на забава, кој ја чинеше многу во 2005-тата година, кога го имаше „најтоксичниот партнер“.
Кејт Мос (51) беше позната како кралица на забавите во 90-тите години, но во последните години одлучи да го промени животот, па се посвети на вежбање пилатес и поздрав начин на живот.
Сепак, сега таа повторно поттикна загриженост кај фановите со нејзиното однесување на Модната недела во Париз.
Изгледа дека повторно се вратила на старите пороци, a за тоа сведочи едно видео на кое Кејт се однесува навистина бизарно.
Таа седеше во првиот ред на модното шоу на „Isabel Marant“ кога направи мал скандал, откако една жена позади неа ја допре за грбот.
„Пријателите се загрижени дека Кејт Мос ќе се врати на старите навики ѝ ја советуваат да внимава – никој не сака повторно да ја види уништена како во старите, пеколни денови“, вели извор близок до моделот.
Тие се надеваат дека ќе пронајде баланс и ќе продолжи да се грижи за себе“, како во последните неколку години.
Инаку, Кејт Мос најголем пад доживеа во 2005 година кога поради состанувањето со дивиот рокер Пит Доерти, кој се бореше со зависноста од хероин и кокаин, изгуби многу договори со познати брендови како Burberry, H&M и Chanel, откако во јавноста излегоа фотографии на кои и таа наводно зема кокаин.
Повеќе фотографии од неа на Модната недела:
Кликнете на загрижувачкото видео:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





