Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детали за разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шривер: Со аферата ја уништи, одела по бајачки и манастири

Арнолд Шварценегер вели дека разводот е најголемиот неуспех во неговиот живот и се обвинува самиот, додека неговата поранешна сопруга Марија признава дека одела по бајачки, а отседнувала и во манастир за да го преболи неверството на актерот кое ја уништило - „Не бев сигурна која сум и каде припаѓам. Искрено, беше брутално и бев преплашена“.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-vo-manastir001.jpg

Арнолд Шварценегер и новинарката Марија Шривер беа во брак 25 години, а се разделија поради аферата на актерот.

Во 1997 година, Арнолд спиел со нивната куќна помошничка, а таа останала бремена, но не му кажала.

Актерот дозна дека има вонбрачен син многу подоцна, а во 2011 година ова го сподели и со јавноста.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-0_3.JPG

Арнолд и Марија Шривер се разделија веднаш откако тој ја призна аферата, но го финализираа разводот дури во 2021 година.

Денес Арнолд е во добар однос со вонбрачниот син Џозеф Баена, иако не е во контакт со мајка му.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-0.JPG

За аферата не кажува многу, но ја спомна во неговата документарна серија од 2023 година – Arnold. За разводот, пак, вели дека се обвинува самиот.

„Јас згрешив. Разводот беше мој неуспех. Беше многу тешко на почетокот. Но, по некое време преболев.

Сепак, ја ценам поранешната сопруга. Добри пријатели сме и многу сме блиски, а и горди сме како ги воспитавме нашите деца. И покрај целата драма, заедно ги минуваме родендените, празниците…

Ако доделуваа Оскар за најдобро справување со развод, јас и Марија би требало да го добиеме“, изјави актерот непосредно по финализирањето на разводот.

detali-za-razvodot-na-arnold-shvarceneger-bivshata-odela-po-bajachki-i-manastiri-toj-se-obvinuva-sebesi-02.JPG

Во друга пригода, актерот го нарече разводот најголемиот неуспех во неговиот живот.

„Сум имал лични неуспеси, но ова, без сомнение, беше најголемиот неуспех. И тоа не беше само неуспех, туку постојано си повторував дека јас сум виновен.

И, не можев да вперам прст во никој друг. Па да, бев разочаран од себе“.

Актерот додаде дека одењето на брачен советник пред да одлучат да се разведат со Марија уште толку ја искомплицирало целата ситуација.

„Тоа беше најголемата грешка. Терапевтот не ни кажа ништо, зборуваше глупости.

Терапијата воопшто не беше продуктивна за иднината на нашата врска“.

detali-za-razvodot-na-arnold-shvarceneger-bivshata-odela-po-bajachki-i-manastiri-toj-se-obvinuva-sebesi03.JPG

За Марија, пак, разводот бил и потежок. Во интервју од пред некоја година, таа првпат откри дека отишла во манастир кога дознала за аферата.

„Отидов во манастир, за да бидам во тишина и да побарам совет“.

Тогаш Марија спомна дека го запишала целото искуство, а неодамна ја објави и стихозбирката во која споделува повеќе детали за периодот околу разделбата.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-05.JPG

Марија открива дека вестите за аферата дошле кратко откако ги изгубила и двајцата родители.

Тој период, таа ја изгуби и титулата прва дама на Калифорнија, бидејќи на Арнолд му заврши мандатот како гувернер на Калифорнија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg