Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детали за разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шривер: Со аферата ја уништи, одела по бајачки и манастири

Марија вели дека разделбата го уништила она малку што останало во неа.

„Изгледаше како да дојде пеколот на земјата. Дојде крај на мојата позиција како прва дама (на Калифорнија). Почина татко ми.

И, тогаш дојде уште еден разочарувачки удар кој ми го промени животот: се распадна мојот брак, по 25 години.

Ми се скрши срцето, се уништи и она малку што беше останато во мене“.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-9.JPG

Марија вели дека трите деца што ги доби со Арнолд ѝ помогнале да се справи со тешкиот период од животот.

„Бев обземена од тага, бев збунета, гневна, исплашена, анксиозна. Не бев сигурна која сум и каде припаѓам. Искрено, беше брутално и бев преплашена.

Додека седев во хотелска соба, во темница, со солзи по моето лице, си помислив: Марија, ова не треба да биде твојот крај“.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-7.JPG

Кога сфатила дека мора да преземе нешто, Марија барала помош насекаде – од психијатри, до шамани и бајачки, а извесен период поминала и во манастир, каде живеела со калуѓерки.

„Нема да ве заморувам со деталите од моето самосожалување. Ќе ве поштедам и од сите мои посети на терапевти, исцелители, шамани и бајачки. Отидов и на другиот крај од земјата, во манастир.

Кратко пред да си одам од манастирот, една од калуѓерките ми пријде и ми рече: ’Марија, разбирам дека ти се доаѓа овде. Но, ако мислиш дека можеш да живееш овде, да ти кажам дека не можеш. За да станеш калуѓерка треба да имаш најмногу 50 години, а ти имаш 55!‘.

Ми рече: ’Мислам дека она што всушност го бараш е дозвола да го напуштиш твојот брак, да бидеш Марија‘. Потоа ме прегрна и двете плачевме“.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-04.JPG

По ова, Марија почнала да пишува поезија, како вид терапија.

„Преку поезијата, открив жена која беше исплашена дека не е доволно добра ќерка, сестра, сопруга, мајка, новинарка.

Открив жена која пробуваше да се мери според некој невозможен стандард… Открив некој кој го поминал целиот живот бегајќи од тагата.

Исто така, научив дека кога ќе се ослободат потиснатите трауми, излегуваат како цунами“.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-8.JPG

Марија и Арнолд се венчаа во 1986-та, цели девет години откако ја почнаа врската. Арнолд ѝ ја признал аферата додека биле на брачен советник.

Тогаш го прашала дали Џозеф Баена е негов син, на што Арнолд одговорил потврдно и го означил крајот на нивниот брак.

Иако се разделија и Марија веднаш поднесе барање за развод, разводот беше финализиран цела деценија подоцна.

Денес, како што кажува актерот, се во добри односи, најмногу за нивните деца.

poraneshnata-sopruga-na-arnold-shvarceneger-za-negovata-afera-barav-pomosh-kaj-shamani-i-bajachki-zhiveev-i-vo-manastir-0_2.JPG

Погледнете и: Синот на Шварценегер, од аферата со куќната помошничка, е копија на актерот - како светот дозна за него?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg