Синот на Шварценегер, од аферата со куќната помошничка, е копија на актерот - како светот дозна за него?
- Детали
- недела, 13 февруари 2022
Иако Арнолд Шварценегер повеќе од една деценија го криеше вонбрачниот син од буквално сите, денес двајцата се во одличен однос. Сега, 24-годишното момче кое се движи по стапките на татко му откри како се чувствувал на денот кога сите дознале чиј син е, но и како се обидува да го направи неговиот татко горд.
Арнолд Шварценегер е татко на пет деца – четири од бракот со Марија Шривер, внуката на американскиот претседател Кенеди, како и син што го доби од аферата со куќната помошничка. Откако актерот јавно призна дека ја изневерувал Марија со куќната помошничка Милдред Баена, но и дека имаат дете, нивниот брак почна да се распаѓа.
Сега, во интервју за Men’s Health, 24-годишниот син на актерот, Џозеф Баена, открива дека го помни моментот кога целиот свет дознал кој всушност е неговиот татко.
Во 2011 година, кога Џозеф имал едвај 13 години, Арнолд Шварценегер ја откри неговата голема тајна.
„Многу добро се сеќавам на тој ден. Бев осмо одделение и ме викнаа од училницата. Мама беше таму и ми рече: ’Мора да одиме – сите дознаа кој ти е татко‘.
Тогаш имав 13 години. Ми се трансформираше телото, ми се трансформираше умот и во тој миг почна да ми се трансформира целиот живот“, вели Џозеф во интервјуто.
Младото момче се присетува дека училиштето било опкружено со папараци кои се обидувале да ги фотографираат.
Откако јавноста дознала за тајната, мајка му и Џозеф заминале кај роднини во Тексас за да го избегнат хаосот во медиумите што го предизвикала изјавата на Арнолд.
„Никој не знаеше за мене и сите сакаа да ги слушнат деталите. Па, моравме да се чуваме со мама“.
Иако признанието на Арнолд значело крај за неговиот брак, благодарение на ова, Џозеф имал можност да се зближи со неговиот татко и да изгради одличен однос со него.
Младиот Џозеф дури црпел и инспирација од татко му, па денес е бодибилдер и модел, а се обидува да се пробие и во Холивуд како актер.
„Многу сум мотивиран и среќен сум за мојот однос со тато. На многу момци им е тешко да го направат нивниот татко горд или да излезат од неговата сенка.
Ама сè додека го правите она што сакате, работите ќе бидат добри. Но, сметам и дека многу момци немаат добри татковци како мојот“.
Џозеф открива дека на почетокот сепак му било дури и страв да побара помош од татко му кога станува збор за бодибилдинг. Но, со текот на времето, нивниот однос се подобрувал и набрзо почнале редовно да вежбаат заедно.
„Бев многу нервозен. Будно следев што ми покажува, пробував да видам што прави и како се однесува. Едно од најважните нешта што ги научив од тато е да се туркам до моите граници, да направам уште некоја вежба, да продолжам сè додека не сум преморен“.
Иако Арнолд му помогнал на син му со вежбањето, Џозеф открива дека не сака да му помогне да се пробие во Холивуд.
„Тато е многу старомоден, не верува дека некој треба да ви даде нешто на послужавник. Тој верува дека напорната работа ќе се исплати, а истото го верувам и јас.
Јас сум многу горделив, до тој степен што кога сакам да побарам контакт од тато или некоја услуга, најпрво се прашувам што ќе направи тоа на мојата чест. Кога одам на аудиции, никој не знае дека тој ми е татко бидејќи немаме ни исто презиме“.
По големото признание во 2011 година, Арнолд Шварценегер не зборува многу за неговиот син во јавност, но редовно ги одбележува важните денови, како родендените, на социјалните мрежи.
За 24-тиот роденден на Џозеф во октомври минатата година, актерот сподели неколку заеднички фотки со мотивирачка порака:
„Среќен роденден Џозеф! Многу сум горд на тебе и те сакам. Одличен си во теретана, во твојата кариера со недвижнини и во актерската професија. Знам дека ова ќе биде уште една фантастична година“.