„Тој гледа потенцијал во романсата“ – Дали Том Круз и Ана де Армас се новиот холивудски пар?
- Детали
- понеделник, 24 март 2025
Том Круз и бившата на Бен Афлек првпат беа видени заедно на вечера пред Валентајн, а пред неколку дена заедно слетаа во Лондон во лежерно издание – демантираат љубов, но експертите се сомневаат: „Славните знаат како да го чуваат приватниот живот во тајност ако сакаат. Тоа што се видени заедно, значи дека тој се чувствува сигурно за потенцијалната романса“
Минатата недела, на 14-ти март, Том Круз и Ана де Армас ги разгореа гласините дека се пар, откако повторно беа забележани заедно.
Тие беа фотографирани во Лондон на хелиодром, но извор на People, веднаш демантирал дека се романтично поврзани, велејќи дека се на заеднички филмски проект, за кој засега нема детали.
Актерите првпат беа фотографирани заедно пред ресторан на 13-ти февруари, кога започнаа гласините дека наводно се на романтична вечера по повод Валентајн.
Во изминатите месеци двајцата беа поврзувани со други партнери, но нема познати информации за нивниот љубовен статус.
Но, и покрај демантот за нивните романтични поврзувања, Алесандра Конти, која е експерт за врски и е позната по поврзување на славни личности, за Fox News вели дека се сомнева дека нивната врска е платонска.
„По ужасното и јавно разделување од Кејти Холмс, тој го држи приватниот живост настрана од јавноста. Но, неговата врска со Ана де Армас, би бил неговиот голем камбек како нов моќен славен пар.
Како човек кој спојува парови во Беверли Хилс веќе 13 години, сметам дека е јасно дека Том многу го погодија јавните врски кои ги имаше, па од 2012-та многу се обидува потенцијалните романси да ги задржи за себе.
Но, фактот што е виден со Ана во јавност е голема работа. Моите славни клиенти знаат како да го чуваат љубовниот живот скриен од јавноста ако тоа го сакаат. Па, ова е јасен индикатор дека тој се чувствува сигурно за потенцијалната романса, иако изворите велат дека се видени затоа што снимаат филм заедно.
Дури и ако само работат заедно, како човек во овој бизнис, верувам дека овој пар е многу компатибилен од бројни причини и може да бидат добар холивудски спој ако си дадат шанса да процветаат.
Двајцата се талентирани, со силна енергија, посветени се и сакаат авантура и храбри дела, глумат во акциони филмови иако ги немаме видено уште во акција заедно, a тоа може да биде силна конекција меѓу нив“.
Том Круз, освен врската со Кејти Холмс, имаше и други љубовни романси кои будно беа следени од окото на јавноста, како онаа со Никол Кидман, додека пак, Ана де Армас беше во центар на вниманието кога беше со Бен Афлек, но имала уште неколку јавни врски.
Сепак, двајцата сфатиле дека им пречи притисокот од јавност во поглед на љубовниот живот и практикуваат да го чуваат за себе овој дел.
Останува да видиме дали романсата ќе се потврди или е само уште една лажна тревога...
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





