Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите мемоари

Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли раскажа тајни од бракот со Мајкл Џексон. Што може да прочитате во мемоарите на славните?

abortus-izgubena-nevinost-so-postara-zhena-najgolemite-skandali-shto-slavnite-gi-otkrija-vo-svoite-memoari-01.jpg

Честопати славните знаат да нè „шокираат“ кога во своите мемоари ќе раскажат нешто што со години (па и децении) го криеле од јавноста.

Од признанија за неверство, преку борбите со алкохолот и наркотиците, сè до убиство кое го извршиле и затаиле - во мемоарите има скандалозни моменти на какви не сте ни помислиле.

Доколку ве интересираат тајните на славните - прочитајте кои се најскандалозните работи што ги открија во своите книги:

Парис Хилтон - Memoir

Богатата наследничка во својата биографија споделува неколку страшни ситуации во кои се нашла.

Една од нив е моментот кога ја силувал постар маж, откако претходно ѝ ставил нешто во пијалакот.

„Кога пробав да вреснам, немав воздух во градите. Тивко му кажав да престане. Тој ја спушти главата до мене и ми рече: ‘Ова е сон, сонуваш’,“ се сеќава Хилтон.

Таа вели дека по ова била многу засрамена и верувала дека тоа што некој ја силувал е нејзина грешка.

Парис имала и непријатна ситуација на училиште на нејзини 17 години. Учител ѝ го побарал бројот и ѝ кажал дека му се допаѓа.

Потоа ѝ се јавувал скоро секоја вечер и разговарале со часови, а тој ја предупредил дека никому не смее да каже за нивните разговори.

Денес, Хилтон вели дека е свесна колку тоа било погрешно, бидејќи била малолетна.

abortus-izgubena-nevinost-so-postara-zhena-najgolemite-skandali-shto-slavnite-gi-otkrija-vo-svoite-memoari-06.jpg

Лиза Мари Присли - From Here To The Great Unknown

Биографската книга From Here To The Great Unknown на Лиза Мари Присли е објавена постхумно, а ја допиша нејзината ќерка Рајли Кио.

Во биографијата, Лиза Мари раскажува за бракот со Мајкл Џексон, со кого се омажила во 1994 година.

Таа пишува дека кралот на поп музиката ѝ признал дека е заљубен во неа уште во времето додека таа била во брак со Дени Кио.

И таа сфатила дека го сака Мајкл, па поради тоа го заврзала разводот, кој веќе бил во процедура.

Но, најшокантниот момент во нејзината биографија е тврдењето дека Мајкл Џексон бил невин кога се венчале, а имал 35 години.

abortus-izgubena-nevinost-so-postara-zhena-najgolemite-skandali-shto-slavnite-gi-otkrija-vo-svoite-memoari-07.jpg

Принцот Хари - Spare

Во биографската книга, принцот Хари раскажува и за моментот кога ја изгубил невиноста на 17 години, а кој го опишува како „понижувачки“.

Неговиот прв сексуален однос се случил со постара жена, чиј идентитет го крие, но пишува дека сè се случило набрзина, а жената го третирала како „млад пастув“.

„Кога завршивме, ме плесна по задникот и ме испрати“ - пишува Хари.

Сето ова се случило „на полјана зад преполн паб“.

abortus-izgubena-nevinost-so-postara-zhena-najgolemite-skandali-shto-slavnite-gi-otkrija-vo-svoite-memoari-08.jpg

Уште 4 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg