Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фотографии и видеа кои ѕвездите не сакаа да завршат во јавност

Во 2021 година, на Инстаграм профилот на Клои Кардашијан случајно беше споделена фотографија на која се гледа како навистина изгледа нејзиното тело. Иако Клои делува како да е во добра форма, таа се обидуваше целосно да ја тргне фотографијата од интернет.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-01_1_copy.jpg

Познатите личности вложуваат и пари и време во својот имиџ и начинот на којшто се претставуваат во јавност.

Од мејкап артисти и стилисти, до фотошопирани фотки, сакаат да имаат контрола над она што јавноста го гледа, чита и слуша за нив.

Па, некогаш доволна е само една фотка за да почнат да стравуваат за својата репутација.

Во повеќето случаи, овие фотки покажуват дека и тие се само луѓе.

Но, на славните не им е сеедно што светот видел и несовршена верзија од нив.

Неколку фотки што славните не сакаа да завршат во јавност:

Рита Ора

Неодамна Рита Ора сподели неколку фотки на Инстаграм објава, вклучувајќи и селфи со нејзина пријателка.

Веројатно пејачката не забележала дека на фотката фустанот ѝ се изместил, па ѝ се гледа едната града.

Подоцна пејачката ја избриша фотографијата.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-02.JPG

Клои Кардашијан

Во 2021 година, еден од најголемите „скандали“ беше нефотошопираната фотка на Клои Кардашијан.

Фотографијата случајно беше споделена на Инстаграм профилот на Клои и веднаш беше избришана, а наводно ријалити ѕвездата работела напорно за целосно да ја тргне од интернет.

Ова, секако, е невозможно, но фановите пробуваа да ја утешат Клои со позитивни коментари.

Таа навистина изгледа одлично на фотографијата, но подоцна изјави дека не ѝ било сеедно.

„Како некој кој целиот живот има несигурности во врска со своето тело, не ми е лесно кога некој ќе ми направи фотографија во лошо светло…

Имам право да побарам фотографијата да не се споделува“.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-03.JPG

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон е позната по тоа што промовира здрав начин на живот, но има откриено дека се соочувала со еден порок – цигари.

Актерката тврдеше дека одамна ги откажала цигарите, кога нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру ја „издаде“.

Во 2022 година, за нејзиниот 55-ти роденден, Џастин сподели видео на Инстаграм Стори на кое се гледа како Џенифер пали цигара.

Веројатно актерката се налутила бидејќи видеото беше избришано речиси веднаш.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-04.JPG

Бијонсе

Како Клои, и Бијонсе мислеше дека може засекогаш да избрише слика од интернет.

Во 2013 година, пејачката настапуваше на полувремето на Super Bowl, а од настанот беа објавени неколку фотки на кои навистина изгледа смешно.

Сепак, кога ќе се земе предвид дека се направени додека енергично танцува и пее, позите и не се некое изненадување.

И, можеби никој немаше ни да им обрне внимание на фотографиите доколку Бијонсе не најмеше цел тим адвокати и експерти со надеж дека ќе бидат отстранети од интернет.

За самиот настап, таа доби многу комплименти и нејзината изведба беше дури и повеќе споделувана на Твитер од самиот натпревар.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-05.JPG

Ким Кардашијан

На почетокот од кариерата, Ким Кардашијан беше препознатлива по големиот задник и тогаш како да успеа да ги промени стандардите за убавина.

Сепак, додека на нејзините објави Ким изгледаше совршено, во 2017-та се појавија папарацо фотки на кои не е во најдобро издание.

На фотографиите, ријалити ѕвездата носи танга бикини и се гледа дека има малку целулит.

Кога беа објавени, Ким тврдеше дека папараците ги фотошопирале за да изгледаат толку лошо.

„Ги видов ужасните фотографии и сфатив дека луѓето ги фотошопираат. Тогаш не бев во топ форма и немав вежбано околу 12 недели, а имав и операција.

Но, и онака не се чувствував добро, па не ми требаше да ги видам и фотографиите“.

zasramuvachki-fotografii-koi-slavnite-ne-sakaa-da-zavrshat-vo-javnost-06.JPG

Погледнете и: Засрамувачки моменти кои славните личности би сакале да ги заборавиме (но не можеме)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg