Славни дами кои трпеле болка (и крвавеле) за фустан на црвен тепих
Кајли Џенер
Слично како сестра ѝ Ким, и Кајли Џенер знае да се жртвува за добар изглед.
На нејзиното прво појавување на Мет гала во 2016-та, таа носеше долг сребрен фустан.
По завршувањето на настанот, сподели фотка од нејзините нозе со опис:
„Кога крвавиш од фустанот и стапалата ти се виолетови“.
На крај сепак додаде дека целата мака вредела.
Тејлор Свифт
Во 2018 година, на доделувањето на American Music Awards, Тејлор Свифт носеше сребрен фустан кој наликуваше на диско топка.
Во нејзиниот документарец има сцени од моментот кога го облекува и тогаш открива дека не може да дише во фустанот.
Ријана
Се чини дека Мет галата е настан каде што славните дами најмногу се жртвуваат за мода, а истото го има направено и Ријана.
Во 2018-та таа се појави во раскошен фустан со наметка, за кој откри дека бил многу тежок.
„Секој чекор ми беше како вежба во теретана. Мислам дека ми се зголеми задникот од една вечер. Но, фустанот беше преубав, морав да го облечам“.
Наоми Харис
На Златни глобуси 2017, актерката Наоми Харис носеше долг сребрен фустан кој откри дека бил многу тесен.
„Бев пресреќна кога го соблеков. Беше како корсет. Не смеев да јадам ни да пијам ништо неколку часа пред настанот, за да можам да влезам во фустанот.
Во автомобилот до настанот бев легната за да не го истуткам“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





