10-те најубави и највпечатливи парови на Греми наградите 2025 (фото)
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
Хајди Клум блеска покрај помладиот сопруг, Парис Хилтон позира со саканиот кој ја гледа вљубено, a Бијонсе и Џеј Зи не поминаа незабележано и покрај тоа што не сакаа да привлечат внимание и не поминаа на црвениот тепих.
67-мото издание на Греми наградите се одржа во неделата вечер во Лос Анџелес, во арената која е „домот“ на Los Angeles Lakers.
Како и секоја година, очекувано, најголемите музички имиња дојдоа на едно место за да ги прослават најдобрите песни, албуми и изведувачи, но и да остават моден печат на црвениот тепих.
На настанот голем број ѕвезди се појавија со своите партнери, а на црвениот тепих позираа вљубено.
Бијонсе и Џеј Зи го избегнаа црвениот тепих заради скандалите во кои музичарот е вмешан периодов, а пак, Канје Вест и Бјанка Сенсори беа избркани бидејќи воопшто не биле ни поканети, а таа се соблече гола.