„Нема да преживее уште една пластична операција, едвај стои на нозе“: Кети Прајс преслаба и изобличена по многуте процедури
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
Поранешниот модел Кети Прајс сè повеќе ги загрижува фановите, но и нејзините блиски кои велат дека поради многуте пластични операции, наглото слабеење, но и честото возење во алкохолизирана состојба, стравуваат дека ќе умре.
Кети Прајс (46) во 1990-тите го користеше псевдонимот Џордан и важеше за еден од најзгодните и најпопуларните модели.
Но, денес привлекува внимание само поради драстичните промени во изгледот кои се должат на безброј пластични операции и процедури како лифтинг.
Кети се промени до непрепознатливост, а со последните објави на Инстаграм, предизвика и загриженост кај следбениците бидејќи изгледа преслабо.
Поранешниот модел, кој има пет деца, неодамна се пофали дека ќе прави уште една процедура, овој пат лифтинг на задникот.
Имено, била пресреќна што ослабела, но сега не била задоволна од изгледот на нејзиниот задник.
„Неодамна имав консултација за да си го направам задникот голем како моите усни. Процедурата е закажана за јануари“, откри Кети.
Во коментари на најновите објави, многу следбеници ја молат да побара помош:
„Што ти се случи? Не изгледаш добро“.
„Кети, ова не е здраво, те молам побарај помош“.
„Изгледа како едвај да стои на нозе“.
„Зошто членовите на семејството ѝ дозволуваат да си го прави ова? Ѝ треба помош“.
„Кети воопшто не изгледa добро. Некој треба дa ѝ помогне. Можеби самата не е свесна, но потребна ѝ е помош“.
Кратко по загрижувачкото видео, се огласија и пријатели на Кети кои и самите велат дека стравуваат за неа.
Некои одат дотаму што велат дека не се сигурни дали Кети би преживеала уште една процедура.
„Кети како да изгуби контрола. Изгледа како личност со многу проблеми и ова нè загрижува“, открива пријател за Daily Mail.
Друга блиска личност вели дека и покрај тоа што ја молат, таа не се откажува од намерата да продолжи со процедури и операции.
„Колку анестезии може да издржи? Мислам дека следниот пат кога ќе стави анестезија, ќе биде последен бидејќи ќе ја убие.
Многу сме загрижени дека наскоро ќе биде мртва. Изгледа многу ранливо. Тажно е“.
Петте деца на Кети се на возраст од 10 до 22 години, а според нејзините блиски, ни тие не се доволна причина да почне да води подобра грижа за себе.
Двете постари деца живеат со нејзиниот поранешен сопруг, односно татко им, а блиските на моделот велат дека тој пробува да ги заштити колку што може.
„Навикнати се на однесувањето на мајка им, но татко им ги штити ги и поддржува.
Многу е загрижен – тој и Кети не зборуваат, но тој сепак сака да имаат и мајка“.
Покрај навидум влошеното здравје, изминативе неколку години Кети имаше неколку судири со законот, а двапати има и избегано од затвор додека била во притвор поради сообраќајки.
Сепак, нејзините блиски велат дека продолжува со лошото и ризично однесување, како возење во алкохолизирана состојба.
„Кети како да не ги чувствува последиците. Живее како да не ѝ е грижа за ништо.
Но, сите стравуваме дека еден ден ќе се случи нешто лошо и дека ќе биде предоцна да направи промена“.
Кети во минатото, со поприроден изглед