Ќерката на Хит Леџер порасна во вистинска убавица – 19-годишната Матилда е копија на татко ѝ (фото)
- Детали
- вторник, 14 јануари 2025
Ќерката на Хит Леџер беше забележана во Њујорк неколку дена пред 16-тата годишнина од смртта на актерот и сè повеќе личи на него. Каде е и што прави денес Матилда Леџер?
Ќерката на актерот Хит Леџер – Матилда – веќе има 19 години и порасна во вистинска убавица.
Младата девојка неодамна беше забележана во Њујорк во лежерно издание.
Се сретна и со пријателка со која пиеја кафе и изгледаа како да се во одлично расположение.
Инаку, новите папарацо фотки од Матилда се направени само неколку дена пред 16-тата годишнина од смртта на татко ѝ.
Хит Леџер почина на 22-ри јануари 2008-ма, од предозирање со лекови.
На денот на смртта имаше само 28 години и зад себе ја остави тогаш 2-годишната ќерка.
Хит Леџер ја доби Матилда од врската со Мишел Вилијамс со која се смируваа и раскинуваа неколкупати.
Според изворите, кратко пред смртта на актерот, било многу веројатно дека ќе ѝ дадат уште една шанса на врската.
По трагичната смрт на актерот, Мишел продолжи да се грижи за ќерка им и ја држеше настрана од јавност.
Таа дури и се откажа од актерската кариера за да ѝ овозможи пристоен живот на ќерка си, а за таа цел се преселија и на село.
„Се преселивме – го напуштивме Њујорк и отидовме на село каде што живеевме шест години“, откри таа пред неколку години.
Потоа повторно се вратија во Њујорк, а од 2020-та, Мишел е и во брак.
Претходно таа имаше изјавено дека би сакала да ѝ подари братче или сестричка на ќерка ѝ Матилда, а желбата ѝ се исполни дури во 2022-ра, откако доби син со новиот сопруг.
Мишел повторно ѝ се врати на глумата, а вели го дала најдоброто од себе за да биде и овде за ќерка ѝ, дури и кога има многу ангажмани.
„Не дозволувам некој да ја наруши нејзината рутина или, на пример, да изгуби час на училиште поради мене“.
Матилда продолжува да се држи настрана од јавност, но според сестрата на Хит Леџер, премногу наликува на покојниот актер, и тоа не само физички.
„Кога Матилда ќе земе молив за да пишува нешто, ме потсетувана Хит.
Кога оди, ме потсетува на Хит, кога го вози нејзиниот скејтборд, ме потсетува на Хит…
Секојпат кога ќе ја видам ѝ зборувам за татко ѝ. Ѝ раскажувам приказни од нашето детство“, вели сестра му Кејт.
Засега не е познато дали Матилда има амбиции за филмската индустрија, но најверојатно и самата ќе избере да се држи настрана од јавниот живот.
Спирова С. | Црнобело