Го избркала од дома, ја бакнал Линдзи Лохан: Знаци дека бракот на Џесика Алба и Кеш Ворен беше осуден на пропаст
Џесика го избркала Кеш од дома
Во 2008 година, додека беше бремена со првото дете, Џесика откри дека имале караница со Кеш која толку ескалирала, што таа го избркала од дома.
„Кога го избркав, ми рече ’Дали е поради бременоста? Се надевам дека си луда поради бременоста‘ и јас му реков дека нема никаква врска со тоа.
Има некои ситници кои вистински ме разгневуваат“.
И, бркањето од дома се случило дури двапати, но актерката додаде дека и по најголемите караници, брзо успевале да се смират.
Џесика не била задоволна од свадбата
Иако самата го нема изјавено ова, Кеш стои на ставот дека Џесика не била среќна за скромната свадба и дека заслужувала многу повеќе.
Тие се венчаа додека Џесика беше во деветтиот месец од бременоста, па практично не ни направиле свадба.
„Се облековме и отидовме да се регистрираме.
Тоа не беше свадбата од соништата што ја заслужува, беше дури и непријатна“, има изјавено Кеш.
А, веднаш по венчавката, бремената Џесика отишла и на контрола.
Сепак, Кеш истакнува дека тој период Џесика воопшто не била заинтересирана за брак.
„Ниту еден од нас не мислеше дека бракот е нешто важно. Ни изгледаше како застарена традиција“.
Кеш Ворен наводно ја бакнал Линдзи Лохан додека беше со Џесика
Иако овие шпекулации не се потврдени, за американските медиуми многу очевидци велат дека Кеш се бакнувал со Линдзи во ноќен клуб во 2009 година.
Додека Линдзи ги негираше гласините, извори блиски до Џесика изјавија дека на актерката не ѝ е ни гајле ако Кеш бакнувал други девојки бидејќи веќе не била вљубена во него.
Им било тешко да си ги задоволат потребите во бракот
Актерката сама има изјавено дека ѝ е тешко да направи рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, што имало влијание врз односот со Кеш.
„Се чувствувам како постојано да правам компромис и ми изгледа како да не можам целосно да се посветам на нешто“.
Таа додаде и дека Кеш честопати не бил тука за неа.
„Кеш игра шах или решава крстозбори секојпат кога пробувам да разговарам со него за нешто“.
Џесика откри дека нивниот однос се променил
Во 2021 година, Џесика зборуваше за врската со Кеш и сите промени кои се случиле.
Таа истакна дека во првите две години од врската, не можеле да се одделат еден од друг, но потоа оваа страст исчезнала.
„Сега сме повеќе како цимери. Имаме обврски“.
Актерката додаде дека кога биле заедно, не биле најдобра верзија од себе, па престанале и да одат на состаноци и да наоѓаат време само за нив двајца.
Истовремено, изјави:
„Кеш практично ми ги украде 20-тите и 30-тите години од животот“.
Спирова С. | Црнобело