Детали за врската на Том Холанд и Зендеја: Побарал дозвола од татко ѝ за да ја запроси, живеат како „обични“ луѓе
Во друго интервју, Том откри и дека заедно сакале да ги гледаат филмовите од серијалот Spider-Man, за да се потсетат почетните денови на нивната врска.
„Одвреме-навреме, Зендеја и јас го гледаме првиот филм и си размислуваме за тоа како ни беше на 19 години.
Ги сакам филмовите и сакам да ги запомнам тие моменти. Вистински луксуз е да можеш да изгледаш дел од твојата младост“.
Многумина имаат забележано дека Том и Зендеја не позираат заедно кога едниот од нив има премиера.
Том откри и која е причината за ова:
„Бидејќи тоа не е мој момент, туку нејзин.
Ако застанеме заедно на црвениот тепих, тогаш моментот ќе биде за двајцата“.
На годинешните Златни глобуси се јавија и шпекулации дека Том и Зендеја се свршиле.
Актерката се појави на црвениот тепих со огромен дијамантски прстен на левата рака, па почна да се шпекулира дека веројатно се свршиле за време на празниците.
Тие двајца немаат потврдено, но извори блиски до парот тврдат дека Том зборувал со родителите на Зендеја за свршувачката, односно побарал дозвола.
„Запросувањето беше слатко и романтично и се случи за време на празниците. Том е старомоден, па побара дозвола од родителите на Зендеја.
Зад камерите, тие се најобичен пар, а Зендеја е подготвена да го помине животот со него. Следно на листата им е да направат свадба и да имаат деца“, тврди изворот.
Инаку, во слободно време, Том и Зендеја навистина се како „најобични“ луѓе и на повеќето папарацо фотки не би ни познале дека се светски познати актери.
На секое излегување се во лежерни изданија и воопшто не привлекуваат внимание.
Спирова С. | Црнобело