Детали за врската на Том Холанд и Зендеја: Побарал дозвола од татко ѝ за да ја запроси, живеат како „обични“ луѓе
- Детали
- недела, 12 јануари 2025
Според гласините, Том Холанд и Зендеја се свршиле за време на празниците, а бидејќи Том бил старомоден, побарал дозвола од нејзините родители. Малку се знае за врската на познатите актери, а тие, пак, велат дека токму тоа е тајната за нивната среќа.
Моментално, 28-годишната Зендеја е една од најпопуларните млади актерки.
Со филмови и серии како Euphoria, Dune и Spider-Man, си го зацврсти статусот на талентирана актерка која може да се снајде во секаква улога.
Зендаја е и една од најзгодните и најдобро облечените ѕвезди во Холивуд и мами воздишки на секое појавување на настан.
Завидна кариера има и нејзиниот дечко (наводно свршеник) – 28-годишниот Том Холанд – кој со улогата на Спајдермен стана светски позната ѕвезда.
Но, иако се можеби најпопуларниот млад пар од Холивуд, Том и Зендеја мошне добро ја кријат нивната врска.
А, велат ова е и тајната за нивната среќа.
Што знаеме за убавиот пар?
Том и Зендеја се запознале во 2016-та, на снимањето на Spider-Man: Homecoming, кога и двајцата беа на 19-годишна возраст.
Брзо се зближиле, а на доделувањето на MTV Movie Awards следната година, не се одделуваа еден од друг.
Уште додека го промовираа нивниот филм се појавија гласини дека се пар, но тогаш Зендеја изјави дека само се пријатели.
„Тој е одличен дечко. Буквално им е еден од најдобрите пријатели.
Изминативе неколку месеци, заедно го промовиравме филмот, А, малкумина знаат како изгледа ваква турнеја за некој на 20 години“.
Иако негираа дека се пар, Том и Зендеја постојано беа фотографирани заедно – некогаш во ресторан, некогаш како шетаат, а некогаш и како се прегрнуваат на сетот на Spider-Man: Far From Home (вториот филм на којшто соработуваа).
Во 2019 година, Том уште еднаш изјави дека не се пар, па дури и тврдеше дека не бил личност која сака да е во врска.
Сепак, во 2021-ва, конечно беа уловени како се бакнуваат.
Неколку месеци подоцна, Том сподели заедничка фотка со Зендеја, со што и официјално покажаа дека се пар.
Првпат се појавија како пар на премиерата на Spider-Man: No Way Home – дотогаш одеа на настани одвоено, иако на забавите секогаш биле „залепени еден за друг“.
Но, како што ја открија врската, почнаа и злобните коментари од јавноста, најмногу за разликата во висина меѓу актерите.
Зендеја беше прашана за ова на интервју, па одлучи да ѝ одржи лекција на водителката.
Ѝ рече дека е проблематично, но и одраз на мизогинија штом некој смета дека жената треба да биде повисока од мажот.
„И паровите како нас се нормални. Мајка ми е повисока од татко ми. Всушност, мајка ми е повисока од сите“, додаде убавата актерка.
Низ годините, реткост е актерите да кажат нешто еден за друг, а во 2023-та Том и откри зошто.
„Мојата врска (со Зендеја) е најсветото нешто во мојот живот. Не сакам да зборувам за тоа. Го давам најдоброто од себе врската да биде што е можно поприватна.
И двајцата сметаме дека ова е најдобриот начин да продолжиме да бидеме пар, да се држиме понастрана од Холивуд што е можно повеќе“.
Малку подоцна, и Зендеја зборуваше на истата тема.
„Важно е да си го заштитиме мирот и да дозволиме некои работи да бидат само наши“.