Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд
Миа добила дијамантски прстен како симбол на нивната љубов. Но, сепак, мајката на Френк, Доли, не ја одобрувала нивната љубов.
„Таа не зборува, не јаде, па што прави? Ова нема да трае долго“, наводно рекла Доли за новата сопруга на нејзиниот син.
За жал, нејзините предвидувања се оствариле, а бракот траел само две години.
Причините за нивниот развод биле бројни.
Од една страна, Френк не бил воодушевен што Миа ја одбила улогата во неговиот филм Detective, a за сметка на тоа ја прифатила улогата во филмот Rosemary’s Baby.
„Да се прашуваше Френк, јас воопшто не би снимала филмови“, тврдеше Миа.
Но, улогата во Rosemary’s Baby стана култна, Фароу се стекна со светска слава, па нејзините и приоритетите на Синатра почнаа да се разликуваат и тоа на крајот доведе до нивна разделба.
Френк сакал традиционален брак, додека Миа, и покрај младоста, била решена да гради сопствена кариера.
Како огромен проблем беше и нивната разлика во години.
Неколку децении подоцна, Миа признала дека бракот со неа не бил воопшто лесен.
„Бев помалку зрела од која било друга деветнаесетгодишна девојка што ја познавав.
Кутриот Френк со такво дете. Ми се случуваше да заспијам на масата обидувајќи се да разговарам со луѓето за нивните мачки“, рекла таа во едно интервју.
Сепак, и по разводот тие останаа блиски пријатели.
Френк често ѝ се јавувал на мајката на Миа за да ја праша како е, па нивната пријателска врска траела до крајот на неговиот живот.
Но, она што никогаш не е потврдено е дали Фароу му роди син на Синатра.
Во јавноста и денес често се шпекулира дека Ронан, за кој се смета дека е син на Миа и Вуди Ален, е сепак син на Синатра.
Во една прилика на прашањето дали Френк е таткото на Ронан, Миа одговорила „Можно е“.
Ова го негира Ненси, ќерката на Синатра, а и виографијата на актерот стои дека славниот актер и пејач имал вазектомија пред раѓањето на Ронан.
Но шпекулациите продолжија да и понатаму, особени што во 1998 година, Миа присуствуваше на погребот на Синатра со нејзиниот син Ронан.
Над ковчегот таа ја оставила бурмата што Френк ѝ ја ставил на прст на нивната свадба, а на која бил изгравиран зборот „соништа“ како симбол на нивната љубов и нејзините амбиции.
А. Ј. | Црнобело