Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина Родригез: Добија дете по само 1 година врска, не сакаат да се венчаат

Овој период, кариерата на Џорџина како модел тргна во нагорна линија, во голема мера поради фудбалерот.

Додека беше бремена, се појави и на насловната страница на магазинот iHOLA.

Во ноември 2017-та, парот доби ќерка.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-03.JPG

Бидејќи веќе станаа големо семејство, следната година почна да се шпекулира дека Роналдо ја побарал за жена.

Сепак, тие ниту ги потврдија, ниту ги негираа гласините. 

Во 2021-ва, парот откри дека Џорџина е бремена со близнаци - момче и девојче.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-12.JPG

Но, за жал, тие го изгубија едното дете за време на породувањето.

„Со длабока тага ви соопштуваме дека нашето машко бебе почина. Ова е најголемата болка за секој родител.

Само раѓањето на нашата ќерка ни дава сила да живееме во овој моменти со малку надеж и среќа“.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-09.JPG

Подоцна Роналдо се отвори за загубата, истакнувајќи дека најтешко било за децата.

„Кога Џорџина си дојде дома од болница, другите деца почнаа да прашуваат каде е бебето.

По една недела, ѝ реков дека треба да бидеме искрени, да им кажеме дека нивното братче е во рајот“.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-07.JPG

Минатата година повторно се разгорија гласините дека се венчале, и Џорџина првпат прозборе за тоа:

„Исто како да сум во брак. Јас и Роналдо сме венчани во очите на Бог, и тоа е она што е најважно за мене.

Тој нè штити и нè држи заедно. Но, еден ден, ќе има и церемонија“.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg