Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина Родригез: Добија дете по само 1 година врска, не сакаат да се венчаат

Се запознале додека Џорџина работела како продавачка во Мадрид, а по седум години, заедно не сакаат да се венчаат - факти за љубовта на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-01.jpg

Моментално Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се еден од најпопуларните парови во светот на шоу-бизнисот.

Заедно се веќе седум години и иако веројатно не им е во план да се венчаат, можат да се пофалат со големо семејство и хармонична врска.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-08.JPG

Како почна љубовта на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригрез?

Роналдо и Џорџина се запознале во 2016-та додека таа работела во продавница на Gucci во Мадрид.

По првата средба во продавницата, повремено се среќавале на настани и по некое време, фудбалерот ја поканил на состанок.

На првиот состанок, се договориле повторно да се видат уште следниот ден.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-02.JPG

Џорџина уште некое време продолжила да работи во продавницата, за што има изјавено:

„Многупати доаѓаше кога ми завршуваше смената. Некогаш доаѓаше во Bugatti.

Моите колеги полудеа – тие чекаа автобус за да си одат дома, а мене Кристијано ме земаше со Bugatti“.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-04.JPG

На почетокот од 2017-та, тие првпат се појавија како пар, на доделување на фудбалски награди во Цирих.

Бидејќи со нив беше и најстариот син на фудбалерот, стана јасно дека врската е сериозна.

Иако, Роналдо има изјавено дека на почетокот не бил сигурен за врската:

„Не мислев дека нашата врска ќе биде силна или дека ќе се вљубам со неа. Не очекував, искрено.

Но, по некое време сфатив дека таа е жената на мојот живот“.

ljubovnata-prikazna-na-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-dobija-dete-po-samo-1-godina-vrska-ne-sakaat-da-se-venchaat-14.JPG

Дури во мај 2017-та споделија прва заедничка фотка на Инстаграм, а набрзо потоа, фудбалерот доби близнаци од сурогат мајка.

Само една година откако ја почнаа врската, Џорџина и Роналдо открија дека очекуваат и биолошко дете.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg