Актери кои глумат најдобри пријатели во серии, но не се поднесуваат во реалноста

Џени Гарт и Шенон Доерти

Beverly Hills беше тинејџерската серија што ги одбележа 1990-ите, но односот меѓу актерите, особено Џени и Шенон, не бил најдобар.

Според Тори Спелинг, која исто така глумеше во серијата, Шенон честопати предизвикувала караници, а еднаш имало и физичка пресметка меѓу неа и Џени.

„Се сеќавам на еден инцидент кога мораше да излеземе надвор. Имаше тепачка со боксови“, изјави Тори во 2019-та.

Кратко по тепачката, Џени, но и другите членови на актерската екипа, побарале Шенон да биде избркана од серијата.

akteri-koi-glumat-najdobri-prijateli-vo-serii-no-ne-se-podnesuvaat-vo-realnosta-06.JPG

Џилијан Андерсон и Дејвид Духовни

Џилијан Андерсон има изјавено дека не се поднесувале со колегата Дејвид Духовни на сетот на The X Files.

Сепак, додаде дека оттогаш созреале и научиле да се толерираат.

„Не ни беше лесно. Снимавме 24 епизоди годишно – 16 часа снимање дневно, пет дена во неделата.

И, девет години со ова темпо!“

Според актерката, таа била среќна што е дел од серијата бидејќи тоа ѝ била првата улога, но Дејвид се однесувал арогантно бидејќи веќе се имал појавувано во филмови.

„Дефинитивно имаше периоди кога се мразевме. Се случуваше воопшто да не зборуваме.

Беше интензивно. Сепак, денес сме поблиски“.

akteri-koi-glumat-najdobri-prijateli-vo-serii-no-ne-se-podnesuvaat-vo-realnosta-07.JPG

Тери Хачер и сите колешки од Desperate Housewives

За главните ликови во Desperate Housewives може да се каже дека се најдобри пријателки.

Сепак, приватно, Тери Хачер била проблем за скоро сите колешки.

Не е познато што точно се случувало на сетот, но Николет Шеридан има изјавено дека Тери е „најзлобната жена во светот“.

Ева Лонгорија, пак, пред некоја година откри дека со актерките биле блиски, освен една.

akteri-koi-glumat-najdobri-prijateli-vo-serii-no-ne-se-podnesuvaat-vo-realnosta-08.JPG

Алиса Милано и Шенон Доерти

Иако глумеа сестри во Charmed, Алиса и Шенон не биле особено блиски во приватниот живот.

Не е познато што точно го почнал конфликтот, но нивните караници зад сцените постојано создавале тензична атмосфера на сетот.

На крај, Шенон „крена раце“ од серијата по завршувањето на третата сезона.

„Имаше многу драма на сетот, а недоволно страст за работа. Имам 30 години и повеќе немам време за драма во мојот живот.

Ми недостасува Холи Мери Комбс и тоа е единственото нешто што сакам да го кажам“, изјави Шенон кратко откако ја напушти серијата.

Низ годините можеби го подобриле односот, бидејќи Алиса не ја игнорираше тажната смрт на Шенон која почина од рак.

akteri-koi-glumat-najdobri-prijateli-vo-serii-no-ne-se-podnesuvaat-vo-realnosta-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg