Никол Кидман и уште 5 славни личности кои потекнуваат од богати семејства (и наследиле милиони)
- Детали
- сабота, 25 јануари 2025
Некои познати актери и музичари навистина почнале од нула и со малку среќа и многу труд, успеале да се претворат во некои од најуспешните луѓе на планетата.
Но, некои имале повеќе среќа и биле родени во (екстремно) богати семејства, а родителите многу им помогнале за да се пробијат во светот на шоу-бизнисот.
Секако, наследиле и солидна сума пари.
Дел од славните личности кои потекнуваат од богати семејства:
Парис Хилтон
Парис дефинитивно е најпознатата богата наследничка во светот, а и веројатно стана славна само затоа што е богата.
Нејзиниот дедо Конрад Хилтон е основач на луксузните хотели Хилтон и кога почина, неговото богатство се проценуваше на околу милијарда долари.
Парис, пак, од татко ѝ има наследено околу 100 милиони долари.
Никола Пелц
Никола Пелц се прослави благодарение на врската со Бруклин Бекам, но и фактот што исто како Парис е богата наследничка.
Нејзиниот татко е бизнисмен чие богатство се проценува на скоро 2 милијарди долари.
Руни Мара
Руни Мара е една од најскромните актерки и веројатно не би ни претпоставувале дека потекнува од богато семејство.
И нејзиниот татко и нејзината мајка потекнуваат од фудбалски династии, односно семејства кои поседуваат моќни фудбалски клубови.
Богатството на родителите на Руни се проценува на околу 3 милијарди долари.
Инаку, Руни е во брак со актерот Хоакин Феникс.
Едвард Нортон
Дедото на Едвард Нортон бил познат бизнисмен и активист, а некои сметаат дека тој го измисли концептот за модерните молови.
Не е познато колку пари имал, ниту колку наследил Едвард Нортон, но во 2004 година компанијата што ја основал беше продадена за 7 милијарди долари.
Брук Шилдс
И Брук Шилдс наследила солидна сума од родителите.
Односно, татко ѝ ѝ оставил околу 22 милиони долари кои ги добила уште во младоста.
Никол Кидман
Никол Кидман важи за една од најуспешните холивудски актерки, а и таа потекнува од богато семејство.
Таткото на актерката е биохемичар и клинички психолог, а професијата му донела солидна заработка.
Па, од родителите таа има добиено околу 60 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело