Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
- Детали
- недела, 08 декември 2024
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пејачот Стивен Тајлер. Но, вели дека денес се во одличен однос со татко ѝ.
Аферите во светот на славните не се нешто што ја изненадува јавноста.
Но, кога ќе резултираат со дете, тогаш нештата малку се комплицираат.
Бројни славни личности пробале да ги скријат своите вонбрачни деца и додека некои можеби успеваат, тајната на другите излегла во јавност.
Познати личности кои добија вонбрачни деца, од афери:
Еди Марфи
Во 2007 година, додека беше свршен со бившата Трејси Едмонс, Еди Марфи имаше афера која резултирала со дете.
Актерот доби вонбрачна ќерка со Мелани Браун од Spice Girls, а три месеци по нејзиното раѓање, попушти и потврди дека детето е негово, но одби да каже што било друго.
Чудно е што тој се венча со свршеницата по една година, а уште почудно е што нивниот брак траеше само 14 дена.
Ерик Клептон
Цели шест години јавноста не знаеше дека Ерик Клептон има ќерка по име Рут.
Тој првпат беше фотографиран со неа во 1991 година, на погребот на неговиот помал син.
Дури во 2007 година, тој прозборе за неа, истакнувајќи дека никогаш не го негирал нејзиното постоење туку, едноставно, не ја експонирал и не се пофалил кога се родила.
Тој ја добил ќерката со жена која била во брак и заедно се грижеле за неа уште од раѓањето.
Дури и сопругот на љубовницата го прифатил девојчето.
Дејв Грол
Дејв Грол си ја уништи репутацијата на добра личност откако неодамна се дозна дека добил вонбрачна ќерка.
Пејачот ја криеше бременоста на љубовницата, но подоцна самиот ги сподели вестите дека се породила.
Тој е во брак со сопругата од 2003 година и заедно имаат две деца, но изминативе година-две, а можеби и подолго, имал афера.
Засега не е познат идентитетот на мајката на неговото вонбрачно дете.