Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува банкрот?
Кратко пред „големата“ заработка, Викторија дебитираше на Модната недела во Париз, и ова имало голем удел во нејзиниот доцен успех.
На ревијата во Париз, Бела Хадид прошета на пистата со зелен фустан на дизајнерката кој се прослави инстантно.
Продажбата на фустанот драстично се зголеми, а го купуваа и ѕвезди, како Кендал Џенер, Рози Хантингтон Вајтли, па и кралицата Летиција.
Притоа, Викторија лансира и линија парфеми и продукти за убавина, кои дополнително ѝ помогнаа да си го спаси брендот.
Неодамна, Викторија беше прогласена за претприемач на годината од страна на Harper’s Bazaar, во склоп на наградите Жена на годината.
И, за магазинот прозборе за тоа што конечно има профит:
„Компанијата помина низ многу изминативе години – подеми, падови, реконструкција…
Па, тоа што конечно имаме профит е нешто на коешто сум особено горда бидејќи ова не е лесна индустрија и станува сè потешко.
Мислам дека се случи пресврт со линијата парфеми.
Со години ги градев темелите, но сега конечно ќе можам да почнам да ја градам куќата“.
Спирова С. | Црнобело