На 84 години имал 22 девојки – Кој е Квинси Џонс, продуцентот на ѕвездите што почина викендов?
Како што се прославувал, Квинси станувал сè поголем миленик на жените, па може да се пофали со бурно љубовно минато.
Самиот има изјавено дека првпат имал секс на само 12 години.
На 85-годишна возраст, пак, изјави дека имал 22 девојки.
„Имам по една девојка насекаде – Кипар, Стокхолм, Бразил, Шангај…“
Честопати излегувал со многу помлади девојки, а наводно неговите ќерки го молеле да престане да заведува жени кои се на иста возраст, па и помлади од нив.
Инаку, продуцентот има седум деца – шест ќерки и еден син – со пет различни жени.
Една од неговите ќерки е актерката Рашида Џонс, најпозната по улогите во сериите The Office и Parks and Recreation.
Трипати бил во брак, а со последната сопруга се разведе во 1990 година.
Во интервјуа има изјавено дека сакал да се гледа со повеќе жени одеднаш, бидејќи имал „многу љубов за давање“.
Тој бил толку голем заводник, што тврди дека ја одбил Мерилин Монро.
Извесен период имаше гласини дека се гледал и со ќерката на Доналд Трамп – Иванка – но таа вели дека ова не е точно.
Квинси Џонс почина на 3-ти ноември 2024 на 91-годишна возраст.
Засега не е позната точната причина, но наводно изминативе неколку години, Квинси одел на посебен третман во клиника во Стокхолм со кој се надевал дека ќе си го продолжи животот до барем 110 години.
Спирова С. | Црнобело