Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 година
- Детали
- четврток, 17 октомври 2024
Минатата година, Лиам Пејн се пофали дека е трезен 100 дена и дека конечно се ослободил од пороците. Самиот има откриено дека почнал да користи дрога и алкохол уште додека беше дел од One Direction, бидејќи околината била премногу токсична и не можел да се справи со големата популарност.
Лиам Пејн, кој се прослави со групата One Direction, трагично го изгуби животот по пад од трети кат од зграда во Буенос Аирес.
Според локалните власти, 31-годишниот пејач паднал од балкон од хотел, а бил прогласен за мртов на самото место.
Наводно станува збор за самоубиство бидејќи полицијата добила и повик од хотелот за „агресивен маж кој веројатно е под дејство на дрога или алкохол“.
Прочитајте повеќе: Почина Лиам Пејн од One Direction – Ја уништил хотелската соба, па паднал од третиот кат во хотел во Аргентина
Иако имаше армија фанови, Лиам Пејн не ја стекна истата популарност како други членови од One Direction - на пример, Хари Стајлс.
А, по распаѓањето на групата, која беше активна од 2010 до 2016 година, животот му станувал попроблематичен.
Пејачот самиот зборуваше за неговите проблеми со зависност, а имаше изјавено и дека се соочувал со суицидни мисли.
Проблемите со дрогата, пак, почнале уште додека беше дел од One Direction.
Иако распаѓањето на групата имало лошо влијание врз него, пред неколку години изјави дека бил среќен кога ставил крај на тоа поглавје.
„Денот кога се растуривме, си реков ’фала Богу‘.
Знам дека многу фанови ќе бидат гневни бидејќи го кажувам ова, но морав да престанам, во спротивно ќе умрев…“
Првпат решил да направи промена во животот откако видел своја папарацо фотка на која изгледал ужасно поради алкохолот и дрогата.
„Има некои работи за кои никогаш не сум зборувал. Проблемот (со зависноста) беше сериозен.
Дури откако видов како изгледам во таква состојба, си реков дека време е да направам промена.
На фотката, лицето ми беше 10 пати поголемо и не ми се допаѓаше како изгледам, и тогаш направив промена“, изјави Лијам во поткаст од 2021 година.
Претходно, пак, изјави дека алкохолот му помагал да се справи со славата што ја стекна со музичката група.
„Беше исто како да облекувам костим пред да излезам на сцена, а под костимот бев гневен бидејќи немаше како да се справам со целата ситуација.
Реално, беше и забавно со One Direction, но имаше многу работи кои беа токсични“.
Во 2023 година, Лиам се пофали дека бил во центар за рехабилитација и дека бил трезен 100 дена.
„Ми изгледа дека си ја вратив контролата во животот…
Само ми треба повеќе време за себе бидејќи како да станав личност која веќе не јa препознавам.
Сигурен сум дека и вие (фановите) повеќе не ме препознавате. Бев во лоша форма и среќен сум што почнав да работам на себе“.
Вo истата изјава, Лиам истакна дека е среќен што се држи понастрана од јавноста и што се фокусира на себе.