Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 година
Лиам откри и дека одлучил да оди на рехабилитација додека бил на концерт на Ханс Цимер.
„Ја слушав прекрасната симфонија, имав пијалак во рака и си помислив дека немам никаква корист од него. Дека навистина не ми треба.
Тоа беше првпат во животот да му ја дадам мојата пијачка на некој. И, оттогаш се немам напиено ништо, поминаа веќе шест месеци и многу сум возбуден.
Се чувствувам добро. Убаво е што сум во оваа положба. Дефинитивно повеќе не ми требаат дрога и алкохол. За мене, забавата заврши“.
Лиам и колегите од One Direction не беа во контакт по распадот на групата, а низ годините имаа и неколку препирања во јавност.
Но, скоро сите имаа изјавено дека немаат лоши чувства едни кон други и, едноставно, патиштата им се разделиле.
Последните денови Лиам Пејн ги помина во Аргентина со девојка му Кејт Кесиди.
Според американските медиуми, отишле за да присуствуваат на концерт на Најл Хоран – поранешен колега на Лиам од One Direction.
Лиам дури сподели и објава на Snapchat истакнувајќи дека сака да зборува со колегата.
„Мислам дека ќе одам да се поздравам со него. Помина многу време откако јас и Најл зборувавме.
А, имаме многу да си кажеме. Би сакал да разјасниме некои работи. Ништо лошо, но само треба да зборуваме“.
За потсетување, Лиам стана дел од One Direction по натпреварувањето на The X-Factor UK, заедно од Најл, Хари Стајлс, Луи Томлинсон и Зејн Малик.
Од 2010-та до 2016-та, беа една од најуспешните музички групи, пред да се разделат и сите да почнат соло кариери.
Лиам има син кој го доби во 2017-та со поранешната девојка Шерил Кол.
Во 2022-ра почна врска со инфлуенсерката Кејт Кесиди, со која беше заедно до неговата смрт.
Спирова С. | Црнобело