Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие, го родила на 18 години

Избегала од домот на мајка ѝ

На 16-годишна возраст, Пети се иселила од домот на мајка ѝ бидејќи односот им се влошил.

Почнала да живее со тројца пријатели и речиси постојно била пијана и ретко одела на училиште.

За да заработи, работела сè и сешто, но голем дел од парите трошела и на дрога.

По некое време, почнала да краде цигари за да ги препродава, за на крај да почне да продава и марихуана.

„Тогаш ми беше лесно бидејќи изгледав младо и примерно.

Сега се чудам како никогаш не ме фатиле. Сигурно ќе завршев во затвор“, пишува Пети во мемоарите.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-12.JPG

Пробала да изврши самоубиство

Пети имала проблеми со депресија и анксиозност, а по лоша караница со Џереми, пробала да посегне и по својот живот.

По караницата, Пети истрчала надвор и застаналa среде автопат за да ја прегазат.

За среќа, возачот на камион кој наближувал изреагирал навреме и Пети поминала со полесни повреди.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-06.JPG

Го родила Џастин на 18-годишна возраст

По обидот за самоубиство, Пети била однесена во болница, каде што ѝ кажале дека е бремена.

Откако го родила Џастин, кратко пред да го прослави 19-тиот роденден, Пети побарала помош од мајка ѝ.

Но, таа ја избркала и ѝ рекла дека „завршила со гледање деца“.

Па, Пети се вселила во дом за мајки тинејџерки во Онтарио.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-07.JPG

Живееле од социјална помош

Џастин пораснал со мајка му и честопати се селеле, но секогаш живееле во многу мали станови.

Преживувале од социјална помош.

„Со Џастин немавме многу. Некогаш немав пари за пелени и бебешка формула, но се снаоѓав.

Колку и да бевме сиромашни, се трудев на Џастин да не му недостасува ништо“.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-14.JPG

Била покрај него кога Џастин почна да се прославува

Џастин се прослави благодарение на Јутјуб видео кое стана вирално.

Во мемоарите, Пети истакнува дека иако била среќна за него, не била свесна што точно ќе му донесат успехот и светската слава на син ѝ.

„Верував во Џастин со целото мое срце и бев возбудена за неговата нова иднина. Знаев колку е талентиран и колку сака да стане пејач.

Но, не знаев што да очекувам. Се плашев дека правам нешто погрешно. Сè се случуваше пребрзо.

Потпишував договори кои имаа влијание врз неговиот живот. Ми даваа страници и страници документи секој ден и иако имав адвокат покрај мене, беше тешко.

Сепак, јас сум му мајка и ако јас потпишам нешто лошо… Се плашев дека грешам. Но, не можев да си дозволам тие стравови да ја комплицираат ситуацијата…“

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-02.JPG

Иако не е познато што точно се случило меѓу Џастин и Диди, пејачот минуваше многу време со продуцентот на почетокот од кариерата.

На некој начин Диди му бил ментор, но постои можност и да го злоупотребувал.

Засега мајка му на Џастин се нема огласено за ситуацијата со Диди, но критиките кон неа не стивнуваат.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-11.JPG

Прочитајте и „Снимал детска порнографија со него, па ја продавал“ – Зошто твитерџиите тврдат дека и Џастин Бибер бил жртва на Пи Диди?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg