Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката на Елвис Присли
Жалела за абортусот
Лиза се венча со музичарот Дени Кио на 20-годишна возраст.
Но, пред да се венчаат, таа останала бремена и абортирала. Поради ова, извесен период биле разделени.
Во мемоарите пишува дека се каела за оваа одлука.
„Абортусот е најглупавото нешто што го направив. Па, направив план.
Одредив кога точно овулирам и се сретнав со Дени. Две недели подоцна, бев бремена.
Дени знаеше дека мора да се венча со мене. Го заробив“, пишува Лиза.
Со Дени, Лиза доби две деца – Рајли и Бенџамин.
По самоубиството на син ѝ Бенџамин, му го чувала телото дома
Во 2020 година, синот на Лиза и Дени Кио изврши самоубиство.
По смртта, Лиза го однела неговото тело во нејзиниот дом, каде што го чувала неколку месеци во студена просторија.
Ќерка ѝ Рајли во мемоарите пишува дека и таа морала да се грижи за неговото тело.
„Имав многу апсурден живот, но овој миг, со брат ми, е во првите пет“, вели таа во мемоарите.
По некое време, ситуацијата во домот станала премногу чудна.
„Како да чувствуваме некоја енергија од брат ми, како повеќе да не сака телото да му биде во оваа куќа.
Реков - ми се чини дека самиот кажува дека сето ова е чудно“, пишува Рајли Кио.
По ова, Лиза конечно се одлучила да го погреба син ѝ.
Пиела и по 80 опијати дневно
Познато е дека Лиза имаше сериозен проблем со зависност кој кулминирал во 2008 година, откако ги роди нејзините близнаци.
Тој период, Лиза пиела и по 80 опијати дневно.
Лиза и честопати одела во куќата на татко ѝ за да спие во неговиот кревет.
„Беше очајна да се почувствува заштитено, очајна да се поврзе со татко ѝ…
Одењето во неговата куќа ѝ беше како да оди во црква и да се моли“, пишува ќерка ѝ.
Бидејќи здравјето сериозно ѝ се влошило, син ѝ Бенџамин решил дека треба да ја однесе кај нејзиниот лекар.
Тој изнајмил автобус за да возат од Нешвил до Лос Анџелес, но само за да можат да се дрогираат по пат.
„Возевме бидејќи сакавме целиот пат да користиме кокаин, а во авион не можевме.
Мислам дека не би поминала преку обезбедувањето со толку дрога на мене“, пишува Лиза.
Лиза почина додека беше во болница, на рехабилитација, поради компликации од операција за смалување на желудникот.
Прочитајте и: Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира
Спирова С. | Црнобело