Кајли Џенер блесна на модна ревија во Дизниленд + како доктор откри дека лаже за пластичните операции?
- Детали
- среда, 02 октомври 2024
„Тоа тело не е производ на пилатес. Многу е веројатно лузната да е знак дека направила липосукција“ – тврди естетски хирург за Кајли Џенер. Таа гордо прошета на модна писта во Париз, само неколку дена по обвинувањата дека ги крие естетските корекции и лаже дека нејзиното тело е производ на вежби.
Кајли Џенер по подолго време се врати на модните писти и учествуваше на модната ревија на Coperni што синоќа (01.10) се одржа во Дизниленд во Париз.
Моделот прошета во црна сатенска тоалета, која е дел од колекцијата Princess на брендот.
Нејзиното ретко појавување на модните писти ја затвори модната ревија која привлече големо внимание, а освен неа на пистата прошета и Ирина Шајк.
Инаку, појавувањето на Кајли на модната писта следува неколку дена откако во светските таблоиди беше објавена веста за нејзината мистериозна лузна под пазувите, којашто предизвика низа коментари и реакции.
На социјалните мрежи повторно се споделуваат нејзините фотки од годинешната Мет Гала. Таа тогаш на себе носеше бела тоалета со шпицест градник, па речиси никој не ја забележа лузната под пазувите.
Но, сега неколку месеци подоцна на социјалните мрежи се крена вистинска дебата за пропуштениот детаљ и корисниците на социјалните мрежи и естетските хирурзи велат дека тоа е доказ за естетските процедури на Кајли.
Според корисниците на социјалните мрежи, лузната е доказ дека таа имала липосукција за рацете да ѝ бидат повитки, а свој коментар даде и естетскиот хирург Усман Куреши од Шкотска.
На својот Инстаграм профил тој сподели видео во кое рече дека е многу возможно Кајли да ја направила процедурата која се нарекува BodyTite, која вклучува користење на терапија со радиобранови за „да ги стопи“ масните наслаги и да ја затегне кожата.
„Сте ги виделе ли рацете на Кајли Џенер? Таа тврди дека формата ја постигнува со пилатес.
Не верувам дека само со вежби може да се постигне ова. Сметам дека најверојатно направила липосукција, BodyTite или слична процедура“ – вели тој.
Кога се прави операцијата за којашто зборува докторот, вообичаено е да се направи мал засек на местото каде што треба да се топат мастите и се внесува уред под кожата.
Претходно, естетскиот хирург Ендрју Передо коментираше дека е сигурен оти Кајли направила липосукција на брадата и смалување на масното ткиво во јаболчниците.
Во 2015-та година додека беше под голем притисок од јавноста и следбениците, Кајли призна дека ставила ботокс на усните затоа што не се чувствувала самоуверено со тенките усни, а оттогаш па наваму не признава дека направила каква било естетска корекција.
Во продолжение уште неколку фотографии од Кајли за време на ревијата во Дизниленд:
Б. С. Б. | Црнобело