Засрамувачки моменти кои славните личности би сакале да ги заборавиме (но не можеме)
Паѓањето на Мадона на BRIT Awards
Смешното паѓање на Мадона на доделувањето на BRIT Awards 2015 стана култен момент од поп културата.
Додека пееше, пејачката се сопна од долгата наметка што ја носеше и падна по скалите кои беа на цената.
По инцидентот, Мадона беше гневна и изјави дека никогаш повеќе нема да носи наметка на сцена.
Прогласување погрешен победник на Оскари
Уште еден култен момент од поп културата.
На доделувањето на Оскари 2017, презентерите направија грешка за главната награда – најдобар филм.
Наводно, биле замешани ковертите во кој е напишан победникот, па наместо Moonlight кој го освои Оскарот, презентерите го прочитаа Lа La Land.
И, оваа минијатурна грешка имаше големо влијание врз репутацијата на целиот настан.
Чудните пози на Џесика Честејн и Оскар Исак на Филмскиот фестивал во Венеција
На Филмскиот фестивал во Венеција во 2021 година, Џесика Честејн позираше со колегата Оскар Исак.
И двајцата имаат други партнери, но позираа како да се пар.
А, на некои фотки изгледа и како Оскар да ја мириса Џесика под пазувите што ја први целата ситуација уште побизарна.
Музичката кариера на Ким Кардашијан
Знаевте ли дека во 2011 година, Ким Кардашијан издаде песна?
Подоцна Ким изјави дека единственото нешто за коешто се кае во животот е песната.
„Кој ми даде право да мислам дека можам да бидам пејачка? Немам добар глас“.
Спирова С. | Црнобело