Засрамувачки моменти кои славните личности би сакале да ги заборавиме (но не можеме)
- Детали
- недела, 06 октомври 2024
Бизарните бакнежи на Анџелина Џоли и брат ѝ, како и легендарното паѓање на Мадона на доделувањето на BRIT Awards.
Ни славните не се имуни на грешки и непријатни ситуации, а за нив е дури и полошо.
Додека ние лесно можеме да заборавиме за нашите засрамувачки ситуации, оние на славните остануваат овековечени на фотографии и видеа кои се споделуваат и години подоцна.
Дел од засрамувачките работи кои славните би сакале да ги заборавиме:
Бакнежите на Анџелина Џоли и брат ѝ
Денес можеби не се во најдобар однос, но во 1990-тите и 2000-тите, Џоли и брат ѝ привлекуваа многу внимание, и тоа од бизарна причина.
На неколку доделувања на награди, тие се бакнаа во уста.
Откопчаниот патент на Бред Пит
На секој му се случуваат незгоди на црвениот тепих, доста често поврзани со облеката.
И, додека повеќето веднаш го средуваат проблемот, Бред Пит помина цел настан откопчан патент.
На премерат на филмот The Curious Case of Benjamin Button, актерот позираше со откопчан патент, а не го закопча до крајот на настанот.
Рекламата за Pepsi на Кендал Џенер
Рекламата за Pepsi со Кендал Џенер предизвика толку контроверзии, што беше и повлечена.
Во рекламата, Кендал му дава лименка Pepsi на полицаец среде протест и тоа е доволно за да заврши протестот.
Рекламата беше критикувана бидејќи според јавноста го банализира движењето Black Lives Matter кое се бори против расизмот и дискриминацијата.
Кејт Мидлтон се заглави во решетка
Веројатно секоја жена се нашла во слична ситуација, но покрај Кејт имаше и армија папарацо фотографи за да го овековечат мигот.
За време на јавен настан, Кејт си ја заглави штиклата во решетка на улица во Лондон.
Но, елегантна како и секогаш, само се насмеа, ја извади штиклата од решетката и продолжи со настанот како да не се случило ништо.