Лејди Гага разменува нежности со свршеникот во Венеција - се појави во најмоќниот фустан досега
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
Кога станува збор за Лејди Гага, таа дефинитивно знае кој е рецептот за доминација на црвениот тепих... Уште еднаш го докажа тоа, овој пат покрај саканиот.
Лејди Гага (38) воодушеви со појавувањето на Филмскиот фестивал во Венеција, каде разменуваше нежности со нејзиниот свршеник Мајкл Полански на премиерата на нејзиниот нов филм „Joker: Folie à Deux“.
Пејачката, која ја има улогата на Харли Квин, се појави во драматичен црн фустан со корсет и ги привлече погледите.
Изгледот го надополни со огромни дијаматски обетки, моден додаток со тантела за на главата, а внимание привлече и нејзиниот огромен свршенички прстен.
Таа вљубено гледаше во својот свршеник додека позираа на црвениот тепих.
Доминацијата на Лејди Гага во Венеција:
С. С. | Црнобело