Рики Мартин објави фотки со ќерката која е „главна“ во семејството: „Каде и да одам децата се со мене“

„Кога одам на турнеја децата патуваат со мене, а имаме и тутори кои патуваат заедно со нас“ – откри Рики Мартин, кој по разводот со сопругот Џуан Јозеф се грижи за 4-те деца. Двајцата синови близнаци се во негово старателство, а за двете помали деца грижата им е поделена.

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-01.jpg

Познатата латино ѕвезда Рики Мартин, во моментов е на меѓународна турнеја, а по разводот со сопругот Џуан Јосеф, тој е самохран татко на 4 деца, кои, како што вели ги носи насекаде со себе.

На својот Инстаграм профил, покрај големиот број фотографии од настапите Рики објавува фотки и со децата, на кои се труди да им го скрие лицето и идентитетот, но како што може да се види, главниот збор го има неговата ќерка Луција, која во моментов има 5 години.

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-02.jpg

Прошетки во луна парк, патувања со приватен авион, ден поминат во приватен базен... Сето ова е секојдневие за децата на пејачот, кој на својот Инстаграм профил се труди да покаже дека секој слободен миг го поминува заедно со нив.

„Дизниленд ден за мојата банда! 4 деца и среќен татко“ – пишува до една од фотките.

Инаку, Рики е татко на 16-годишните синови близнаци Матео и Валентино, кои ги доби со помош на сурогат мајка, а исто така тој има уште две деца, ќерката Лусија (5) и синот Рен (4).

По разводот со партнерот Џуан Јозеф, Рики го задржа целосното старателство над синовите близнаци, а бараше поделено старателство за другите две деца.

Тој пред неколку месеци даде интервју за порториканските медиуми каде зборуваш за животот како самохран татко на двајца синови адолесценти и две мали деца.

За постарите синови, Рики накратко рече:

„Прекрасно е, тие не сакаат да си одат, постојано се со мене, каде и да одам. Кога одам на турнеја децата патуваат со мене, а имаме и тутори кои патуваат заедно со нас. По пандемијата Zoom направи работите да бидат многу полесни“.

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-03.jpg

Инаку синот на Рики Мартин, Валентино веќе има свој ТикТок профил каде сака да ги покажува своите танчарски вештини, а понекогаш објавува видеа и во кои кришум го снима татко му како ги извршува домашните обврски.

Близнаците заедно со татко им беа на патување во Јапонија, од каде Рики сподели видеа и фотографии:

На фотките со помалите деца, Рики речиси секогаш се труди да им го скрие лицето, а по повод роденденот на ќерка му Луција, пред неколку години рече дека таа, како единствено девојче во нивниот дом е главна.

„Луција Мартин Јосеф е светлоста во моите очи, мојата инспирација и мојата мотивација. Ти си главна во нашиот дом и те сакаме таква. Те сакам со целото свое битие“ – напиша Рики во таа пригода.

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-04.jpg

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-05.jpg

А дека тој има посебна поврзаност со ќерката може да се забележи и од некои од фотографиите на кои се гледа како таа безгрижно спие во неговите прегратки на фотките кои ги објавува по настапите и од нивниот дом.

Погледнете уште неколку фотки на Рики со ќерката во продолжение:

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-06.jpg

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-07.jpg

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-08.jpg

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-13.jpg

riki-martin-objavi-fotki-so-kjerkata-koja-e-glavna-vo-semejstvoto-kade-i-da-odam-decata-se-so-mene-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg