„Му покажа што изгубил“ – Џеј Ло позира во секси издание, откако Бен си го прослави роденденот со бившата
- Детали
- петок, 16 август 2024
„Сигурно на Бен не му недостасува нејзиниот начин на однесување“ – велат твитерџиите откако Џеј Ло објави серија фотки во кои позира во секси издание на денот на роденденот на сопругот Бен Афлек. Наместо со неа, Бен роденденот го помина со бившата сопруга.
Велат дека среќата е најдобра одмазда, а Џеј Ло одлучи на својот сопруг да му покаже што пропушта, преку серија фотки, откако тој роденденот го помина со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Џеј Ло не му го честита 52-иот роденден на Инстаграм, што е уште еден доказ дека разводот на парот е сѐ посигурен.
Наместо тоа, објави серија фотки на Инстаграм, направени за време на нејзината роденденска прослава во Хемптонс, со која, според многумина, му покажа на сопругот што пропуштил.
На фотките Џеј Ло позира во проѕирен фустан на Dior, со дијамантски обетки и потпрена на луксузен автомобил.
Инаку, непосредно пред Џеј Ло да ги објави фотките, папарацо фотографите „ја уловија“ поранешната сопруга на Бен, Џенифер Гарнер како си заминува со својот автомобил од куќата на Бен, каде што го прославиле неговиот роденден.
Џенифер пријателски им мавташе на папараците, додека си заминуваше, а забележително е дека повторно беше во нејзиното препознатливо „несредено“ издание, со очила, без шминка и во едноставен аутфит.
Според твитерџиите, Џеј Ло со објавата на фотките сакала да му покаже на Бен што загубил и дека објавата е реакција на тоа што ги видела папарацо фотките со неговата поранешна сопруга, а според други пак, сама си е виновна што не може да си ги задржи мажите крај себе:
„Никој не сака да го види поранешниот дечко на роденденот“;
„Очигледно дека има проблеми, па затоа не знае да сочува маж“;
„Ете зошто е постојано сингл, премногу е самобендисана – ‘видете ме која сум’“;
„Сигурна сум дека му олесна на Бен што се ослободил од неа. Ме излудува колку е арогантна“;
„Премногу е опседната со него. Зошто не може да прифати дека тој ја откачи уште пред неколку месеци и дека не му е гајле за неа“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете ги фотките што ги објави Џеј Ло:
Б. С. Б. | Црнобело