Како изгледаат и што прават денес актерките од The Vampire Diaries?
- Детали
- недела, 11 август 2024
Дејмон или Стефан – за кого „навивате“ (и во кој бевте вљубени) кога ја гледавте The Vampire Diaries?
Во период кога сите беа опседнати со вампири поради серијалот Twilight, се појави серијата The Vampire Diaries.
И, дефинитивно беше хит, особено меѓу тинејџерките.
Серијата се емитуваше од 2009 до 2017 година, но има верни фанови кои ја прегледуваат и денес.
Главното дејство во серијата е љубовниот триаголник помеѓу Елена Гилберт и браќата Стефан и Дејмон Салваторе кои се вампири.
Во серијата имаше и бројни други митски суштества – од вештерки и врколаци, до сирени.
Нема поминато многу време од финалето на серијата, но актерите дефинитивно се променети, особено ако направите споредба со првите сезони.
Како изгледаат и што прават денес актерите од The Vampire Diaries?
Нина Добрев (Елена Гилберт)
Нина Добрев, која всушност има бугарско потекло, ја напушти серијата во шестата сезона, но сепак се појави за финалето.
Откако раскрсти со серијата, се појави во неколку филмови како The Out-Laws и Love Hard.
Во меѓувреме, отвори и своја винарија, а од пред некоја година е во врска со американскиот спортист Шон Вајт.
Пол Весли (Стефан Салваторе)
Пo завршувањето на серијата во 2017-та, Пол Весли се појави во неколку серии, вклучувајќи ги Tell Me a Story и Star Trek: Strange Worlds.
Приватно, остана добар пријател со Иан Самерхолдер, колегата од The Vampire Diaries.
Заедно лансираа и бренд виски во 2021-ва.
Актерот беше во брак со Инес де Рамон (сегашната девојка на Бред Пит), а моментално е во врска со моделот Натали Какенберг.
Иан Самерхолдер (Дејмон Салваторе)
Иан Самерхолдер направи пауза од филмската индустрија по завршувањето на серијата, а потоа работеше како продуцент на друга серија за вампири – V-Wars – во која ја имаше и главната улога.
Веќе спомнавме дека лансира бренд виски со колегата Пол Весли.
Во 2015 се венча со актерката Ники Рид и заедно имаат две деца.
Кет Греам (Бони Бенет)
По The Vampire Diaries, Кет Греам се појави во неколку филмови, како The Holiday Calendar и All Eyez on Me.
Таа започна и музичка кариера и од 2017-та има издадено два албума.
Година-две беше свршена со продуцентот и режисер Дарен Генет, а потоа се венча со актерот и модел Брајант Вуд.
Кендис Кинг (Керолајн Форбс)
Кендис Кинг ја репризираше улогата на Керолајн во спин-оф серијата The Originals, а глумеше и во други филмови и серии.
Од 2014 до 2022 година беше во брак со музичарот Џо Кинг, а моментално не е познато дали има дечко.