Мистериозното исчезнување на детето од Beethoven – Оставил чудна порака во автомобилот, по 18 години никој не знае каде е

Во 2006 година, Џо Пилчер, најпознат по улогата во филмот Beethoven, исчезна и зад себе остави празен автомобил и мистериозна порака. Додека некои се сомневаат дека извршил самоубиство, неговото семејство е сигурно дека се случило нешто друго бидејќи до денес не е најдено тело.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-01.jpg

Постојат неколку филмови за кучето Бетовен, од кои првите три се најпопуларните.

Овие филмови беа хит и кај нас, најмногу во раните 2000-ти.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-04.jpg

Во третото (и четвртото) продолжение, една од главните улоги ја има актерот Џо Пилчер.

Оттогаш веруваме дека не сте го виделе актерот и не сте слушнале за него, а постои и морничава причина за тоа – од 2006-та, му се губи секаква трага.

Џо исчезнал кратко пред да го прослави 19-тиот роденден, а сè што оставил зад себе е неговиот автомобил и чудна порака во него.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-12.jpg

Како Џо Пилчер стана ѕвезда и што знаеме за неговото мистериозно исчезнување?

Џо Пилчер е четврто од петте деца во неговото семејство и бил роден во 1987 година.

На само 6-годишна возраст, почнал да се појавува во реклами, а откако родителите го забележале неговиот талент, се преселиле од Вашингтон во Лос Анџелес.

Во 1996-та, добил улога во филмот The Fan во кој се појавуваат и Роберт Де Ниро и Весли Снајпс.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-09.jpg

На 12-годишна возраст, добил уште една важна улога, а потоа ја доби и главната улога во два филма од франшизата за кучето Бетовен.

Последната улога на Џо Пилчер е во филм од 2002 година, по што со семејството го напушти Холивуд.

Тој период се јавија разни шпекулации за одлуката на Џо да се откаже од актерската кариера.

Според некои, самиот иницирал бидејќи не бил среќен, но по неговото исчезнување, мајка му изјави дека идејата била нејзина.

„Сакав да има нормален живот. Тој е добро момче и добро се справуваше со славата, но не беше многу среќен.

Тој беше обично дете со професија која не е својствена за повеќето тинејџери“.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-08.jpg

Во 2005 година, Џо завршил средно, а месец-два пред да исчезне, нашол и работа.

На 18-годишна возраст, добил пристап до парите што ги заработил како актер, по што се иселил од домот на родителите.

Сепак, тој бил во добар однос со нив и често ги посетувал.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-deteto-od-beethoven-ostavil-chudna-poraka-vo-avtomobilot-po-18-godini-nikoj-ne-znae-kade-e-05.jpg

Но, тој период почнал да експериментира со дрога и алкохол и наводно посакал повторно да ѝ и се врати на филмската индустрија.

Џо носел протези и планирал откако ќе му ги извадат, да почне да бара работа во Холивуд.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg