„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 години помлада девојка
Заедно со овој, тој го објави и портретот на „Кралот“, но за разлика од „Кралицата“, овој портрет нема лице.
За портретот на неговата поранешна сопруга, тој вели:
„Ние бевме многу, многу блиски неколку децении.
Ја познавам добро и знам каква е одвнатре. Таа на некој начин е тоа што јас никогаш не би можел да бидам.
Изгледа како жена со круна која издржала многу бури.
Се гледа одредена храброст и сила на посветеноста и без разлика за тоа што се случува во светот зад неа, таа секогаш ќе блеска“ – вели Џони.
На прашањето за тоа зошто „Кралот“ е без лик, Џони вели:
„Тоа е лик на кој не треба да му верувате.
Тој лесно може да биде заменет. Не можев да се осмелам да го ставам сопствениот лик на оваа карта. Никогаш!“ – вели Џони.
Инаку, во серијалот има уште една слика која е посветена на неговата поранешна партнерка, а тоа е сликата „Сила“ која е инспирирана од Ванеса додека била бремена со нивното прво дете.
Прочитајте и Со Ванеса Паради го достигна врвот, а со Амбер Херд дното во кариерата – Љубовната врска на Џони Деп со мајката на неговите деца
Б. С. Б. | Црнобело